Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 12:28

Град Скопје и Карпош подготвени за снегот

Со 24 возила и 2.500 тони сол, Зимската служба на Град Скопје е подготвена да ги чисти булеварите и улиците од снежните наноси.

Ова го соопшти Град Скопје по координативниот состанок на Зимската служба со претставници на администрацијата и на јавните претпријатија на Градот, како и со претставници од општините на градот Скопје, одржан поради најавите за обилни врнежи од снег и ниски температури во наредниве денови.
Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Апелираат, кога ќе падне снег, граѓаните и сите стопански субјекти во градот да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните станбени и до деловните објекти.


И Општина Карпош е подготвена за снегот што се најавува. За таа цел, со буџетски средства се обезбедени 250 тони сол, 20 кубни метри ризла и три специјализирани возила за интервенции во зимски услови со плуг и со бункер за сол. Со обезбедениот материјал и опрема, локалната власт е подготвена да интервенира на сите сервисни улици кои се наоѓаат на територијата, за кои е овластена Општина Карпош.
"Посебно внимание ќе се посвети на т.н. 'критични точки' спрема Бардовци, Трнодол, Жданец, патот за Горно Нерези, како и во Козле", велат од Карпош.
Останатите магистрални улици кои минуваат низ територијата на Карпош, со соодветна механизација и со соодветни служби ќе ги расчистува Градот Скопје.


Текстот е прочитан 831 пати.
#
Англичани го чистат скопскиот снег
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Скопје се чисти од новиот снег
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки
Голем дефект на мрежата, повеќе делови од Скопје без парно

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter