Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.04.2017, 13:09

ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ НА ЕТНОГРУПАТА "МОНИСТРА"

15. роденден со "Киниса моме на вода"

Со промоција на албумот "Киниса моме на вода", етносоставот "Монистра" вчера го најави јубилејниот концерт, кој ќе се одржи на деветти овој месец, во МНТ, со почеток во 20 часот.

На средбата со новинарите беше промовиран и спотот за насловната нумера од албумот, кој е снимен автентично, во Галичник, од каде што и се корените на песната. На албумот има 10 песни, како: "Каранфил невесто", "Катерино моме", "Царево оро", "Сал ти ле се најде, бабо", "Киниса моме на вода", "Потрчано оро", "Сеќавање", "Севделинке малој моме", "Невен китка", "Сулејман седит на кула".
"На албумот има и преработки на стари, наши, македонски понепознати песни, а нашата цел е да ги заживееме и повторно да се слушаат меѓу народот. Секако, и авторска музика на која базата $ е македонскиот фолклор. И во преработките има доза на авторски музички мотиви, а самата песна и нејзината убавина се инспирација за создавањето и за креирањето на тие делови.



'Монистра' има свој музички израз и гледаме да не се наруши оригиналната верзија на песната и гледаме да останеме поавтентични", беше речено на пресот.
На концертот ќе има и специјални гости, и тоа Петар Ренџов, Владимир Крстев и женскиот камерен хор "Света Злата Мегленска". Сите членови на групата имаат свој удел во подготовката на албумот, секако, најголем е на Александар Јовевски. Дел од "Монистра" се и прекрасниот вокал Габриела Јанушевска, тамбурите на Јован Стрезоски и на Филип Николовски, тапаните се на Марјан Андоновски и на Дамјан Зифовски, а клавијатурите - на Дарко Ничевски.
Картите се продаваат преку продажната мрежа на "Купи карти за сè". (В.М.)


Текстот е прочитан 1306 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter