Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 19:14

Протестен марш „За заедничка Македонија“: Немаме резервна татковина

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и попладнево одржа протестен марш во Скопје, на кој учесниците ги повторија своите барања дека се за заедничка Македонија и се против платформи направени во други држави.

Како во изминатите денови, маршот почна околу 17 часот пред Владата од каде поддржувачите на иницијативата се упатија пред Собранието и таму беа одржани говори.

Борис Дамовски од иницијативата „За заедничка Македонија“ рече дека го поздравуваат потегот на претседателот Ѓорге Иванов кој денеска испрати писмо до претседатели и институции низ светот во кое бара осуда и отфрлување на платформата од Тирана.

Пред учесниците се обрати Гордана Јовиќ која рече дека припаѓа на околу 31.000 луѓе од српската заедница во Македонија. На својот мајчин јазик рече дека „платформата не може да помине“ и ги повика своите сонародници да не заборават што се случувало во изминатите години, дека се припадници на ослободителен народ и дека коските на нивните предци во огромен број лежат на оваа земја и се вградени во нејзината слобода.

Шукрие Хусеин како претставник на ромската заедница рече дека е загрижена за својата татковина зашто, рече, нема друга резервна.

- Развојот на економијата и повеќе среќни луѓе треба да бидат теми, а не дали Македонија да биде двојазична. Јас сум една од вас, јас сум граѓанин на Република Македонија. Овде живеат различни граѓани, но слични се по тоа што ја сакаат Македонија. Македонскиот јазик е предност, не е мана што некој сака да ја искорени. Цело е кога има се, рече Хусеин.

На вечерашниот собир беше прочитан и статус на ракометарот Кире Лазаров, во кој вели дека ги почитува сите граѓани во Македонија, ја поддржува граѓанската иницијатива и повикува да се зачува интегритетот и идентитетот кој, како што вели, наследен е од предците со должност да се пренесе на идните поколенија.

Организаторите ги повикаа поддржувачите да се придружат и на утрешниот марш, кој ќе почне во исто време и на исто место.


Текстот е прочитан 896 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter