Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.02.2017, 14:27

Институт за јавно здравје: Намален бројот на заболени од грип

Во текот на четвртата недела јануари (од 22 до 29 јануари) во Република Македонија пријавени се 1.199 новозаболени од грип, со инциденца од 58 на 100.000 жители, што претставува намалување од 50,4 отсто споредено со минатата недела кога беа пријавени 2.417 случаи, се истакнува во извештајот објавен на веб страната на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Оваа недела, најголем број заболени 147 е регистриран на територијата на Центарот за јавно здравје Охрид, следат Центарот за јавно здравје Прилеп - 134 заболени, Подрачната едница Гостивар -118 заболени и Центарот за јавно здравје Скопје - 117 заболени лица.

Највисока инциденца од 262,0/100.000 е пријавена од подрачјето на Центарот за јавно здравје Охрид, каде што единствено се регистрира висока активност на инфлуенца вирусот оваа недела.

Средна активност се регистрира во Прилеп, Кавадарци, Дебар, Делчево и Виница, а во подрачните единици во Пехчево, Крушево и Крива Паланка, оваа недела не е регистриран заболен од грип.

Како и во претходната, така и во четвртата недела од 2017 најголем број заболени (891), односно 74,3 отсто од сите случаи се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, што е незначително зголемување на процентуалното учество од претходната недела (71,8 отсто). Во пријавените случаи, лицата над 65 години учествуваат со 12,3 отсто (147), децата од 5-14 години со 8,4 отсто (101), а со најмал процент – децата на возраст до 4 години со 5 отсто (60).

Во однос на претходната недела бројот на регистрирани случаи и инциденцата бележи намалување во сите возрасни групи.

Во сезоната 2016/2017, вкупниот број заболени од грип заклучно со четвртата недела изнесува 32.931 со кумулативна инциденца од 1.591,5 на 100.000 жители.

Досега, во оваа сезона на грип се пријавени два смртни случаи асоцирани со грип.

Во текот на четвртата недела од јануари, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, на присуство на вирусот на грип се тестирани 18 примероци, од кои 6 или 33,3 отсто се позитивни за присуство на вирусот на грип, 5 позитивни за A/H3 и еден е нетипизиран инфлуенца A вирус.

Вакцинацијата против сезонски грип во Македонија е почната од 43 недела од 2016 година. Согласно пристигнатите извештаи од страна на центрите за јавно здравје/подрачните единици вакцинирани се 26.665 лица и потрошени се 99,9 отсто од вкупно набавените вакцини.


Текстот е прочитан 748 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter