Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 11:37

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ оди спротивно на сопствениот народ

СДСМ сака да спроведе насилно сценарио за преземање на власта, но тоа нема да помине, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека излез од политичката криза е Манифестот за единствена Македонија.

Според партијата, станува се поочигледно дека со СДСМ не може да се постигне никаков договор кој не би бил на штета на државата и оти кројат планови како недемократски да почнат да ја спроведуваат тиранската платформа.

- Тие се подготвени и на сила да ја погазат волјата на народот, националните и државните интереси. Затоа револтот на граѓаните расте секој ден, се посочува во соопштението.

Од ВМРО-посочуваат дека најпрво „СДС одбива да се откаже од тиранската платформа, чии елементи водат кон разнебитување на државата, потоа СДС премолчи и за најавите на албанскиот МНР дека токму тие елементи треба да се преточат во Устав на Република Македонија, а сега СДС отворено кажува дека има план како на сила и да го реализира“.

- Ова е многу сериозно сценарио во кое се вплеткува СДС. Ова сценарио нема да помине. Народот е против тиранска влада и тиранска платформа во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како сериозна и одговорна партија понуди излез од политичката криза. Тоа е Манифестот за единствена Македонија. Овој манифест е гаранција на унитарниот карактер на Македонија и најдобар одговор на негирањата кон македонскиот народ, државните симболи и иредентизмот кој го промовираат домашни, но и странски субјекти. СДС оди спротивно на сопствениот народ. Затоа стравот на граѓаните од идните политички дејства на СДС е оправдан, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е прочитан 473 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter