Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.03.2017, 13:30

РОЖЕ ФЕДЕРЕР СЕ ОТВОРИ ЗА МАГАЗИНОТ "ЏИ КЈУ"

Постерот од Памела Андерсон во детската ми беше омилен

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роже Федерер е прогласен за маж со најдобар стил во светот од модното списание "Џи Кју", а во интервјуто за него откри многу детали од приватниот живот и пикантерија од детството.

- Имав доста постери во собата кога бев тинејџер. Од Шекил О'Нил, Мајкл Џордан, Стефан Едберг, Борис Бекер и Памела Андерсон. Последниот го помнам многу добро, ми беше залепен на вратата - открива Федерер.
Маестралниот Швајцарец откри дека вечерва пред финалето со Рафаел Надал на Отвореното првенство во Мелбурн со семејството го гледал филмот "Лајон" кој бил "емоционално празнење" за него.



На Федерер му се допаднал и мјузиклот "Ла Ла Ленд", но без самиот крај.
Тој призна дека се уште е нервозен пред секој голем меч, а титулата во Мелбурн ја оценува како најзначајната досега од сите гренд слеми кои ги освоил.
Запрашан кога ќе стави крај на кариерата, Роже вели дека лесно ќе заклучи кога ќе биде вистинскиот момент.
- Кога ќе треба да заминам на некој турнир и почувствбувам дека ми се останува со семејството, тогаш тоа ќе биде крајот на мојата кариера. Другите тенисери ми го кажувале истото. Но мене се уште ми се патува - објасни Федерер додека позираше за специјалната фотосесија на "Џи Кју".


Текстот е прочитан 973 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter