Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.03.2017, 12:25

ДЕТСКА ТЕАТАРСКА БАЈКА ВО МНТ СО "АВАНТУРИТЕ НА АЛАДИН"

За љубов вистинска, не треба магија исконска

Бајка, хумор, музика, игра со сенки и видеоефекти се топ-комбинација која режисерот Бојан Трифуновски ја спакува во една од највозбудливите сказни од збирката "Илјада и една ноќ" "Авантурите на Аладин".

Трифуновски ја адаптираше и ја драматизираше приказната за сиромашното момче Аладин и принцезата Џасмин во современа верзија, која премиерно се изведе прексиноќа, на големата сцена на Македонскиот народен театар.
"Авантурите на Аладин" е наменета за деца над седум години, но и помладата публика. како и возрасната, прексиноќа, со големо внимание уживаше во театарската магија за вредностите на љубовта и на пријателството.
Волшебниот килим на сцената во МНТ ги донесе Александар Михајловски и Дарја Ризова, како Аладин и Џасмин, заедно со Сашко Коцев (Абазнер Велики ), Никола Ацески (Духот), Камка Тоциновски (Мајката на Аладин), Славиша Кајевски (Таткото на Џасмин), Драгана Левенска (Леонора) и Ненад Анѓелковиќ (Принцот Леополд).



Актерите, заедно со членови на Детското драмско студио на Магдалена Ризова - Черних, 80 минути, со актуелни шеги и игри на зборови, со сонгови и преработка на хитови на Принс, Бијонсе, од "Битлси", со динамичната сценографија и богатите и колоритни костими (на Илина Ангеловска, Антонија Гугинска - Јорданоска и на Елена Вангеловска) не забавуваа, и возеа низ фантазијата, но и низ рима порачаа "За љубов вистинска не е потребна магија исконска".
Композитор е Џијан Емин, а пофалбите на крајот одат и за техничката екипа поради изискувачката игра со светла, сенки и видеоанимации.
Репризата е в среда.

(Б. Н.)
Фото: Д.Гајиќ


Текстот е прочитан 825 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter