Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.01.2017, 13:48

ДЕСЕТТЕ НАЈСЕКСИ ФИЛМОВИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Приказни што создадоа еротски фантазии

Светската кинематографија изобилува со секси сцени кои на сите нам ни се врежани во меморијата.

Некои од нив го добија епитетот култни поради вистинитоста и пренесувањето на сексуалната енергија, а на многумина тие им станаа фантазија. Ова е избор на десетте најсекси филмови на сите времиња.

1. "Телото како доказ"


Овој познат трилер од почетокот на деведесеттите (1993) изобилува со секси и еротични сцени. Во него глуми кралицата на поп-музиката, Мадона, која е во улога на фатална заводничка обвинета за убиство за човек со кого водела љубов само за да ги добие неговите милиони.

2. "Малена"

Кој може да остане имун на Моника Белучи? Неповторливата Моника е во улога на фатална убавица по која воздивнува целиот град, додека таа го чека сопругот да се врати. Во овој филм се верно прикажани вљубеноста и опседнатоста на тинејџерите со зрела жена, што е многу чест мотив во кинематографијата и во книжевноста. Покрај Моника Белучи, во овој филм кој е промовиран во 2000 година, главната машка улога ја игра Џузепе Сулфаро.



3. "Првиот грев"

Тие двајца се запознаваат преку оглас, во кој таа лаже дека не е убава, а тој дека не е богат. Набрзо се вљубуваат еден во друг. Филмот изобилува со страст, еротика, тензија и со копнеж, и ги опишува сите темни релации помеѓу луѓето, нивните внатрешни конфликти и демони за кои не се ни свесни. Филмот е од 2001 година, а главните улоги ги играат Анџелина Џоли и Антонио Бандерас.

4. "Дивата орхидеја"

Филмот е промовиран во 1990 година, со Мики Рурк во главната улога. Овој филм на некој начин направи револуција во кинематографијата. Секси сцените помеѓу Џејмс и Клаудија направија уште долго, долго да се шепоти за овој филм. По филмот, Мики Рурк по кој знае кој пат ја оправда титулата секс-симбол.

5. "Шунка, шунка"

Бигас Луна знаеше и од нешто вака приземно, анимално и нагонско да направи чиста уметност. Ако сте љубител на сцени снимени од чист копнеж, ова е вистинскиот филм за вас. Пенелопе Круз и Хавиер Бардем го снимија на почетокот од своите кариери (1992 година), па подоцна станаа и емотивни партнери во приватниот живот.

6. "Последното танго во Париз"

Култна еротска драма од 1972 година, со Марлон Брандо и Марија Шнајдер. Овој филм отслика една од најпознатите женски фантазии: секс со тотален странец. Без збор, без емоции, секој пат на исто место и во исто време. Само секс.

7. "Специјалец"

Уште еден филм од деведесеттите, поточно од 1994 година, со најпознатата филмска заводничка - Шерон Стоун и со непобедливиот Силвестер Сталоне. Многу години по снимањето на овој филм, легендарниот актер често изјавуваше дека Шерон Стоун му е една од најпривлечните жени во Холивуд, така што може само да се претпостави колку им било забавно на двајцата да ги снимаат сцените, кои изобилуваат со страст и со еротика.

8. "Девет и пол недели"

Кога ќе слушнете секс во кујна или секс со храна, веројатно, прво ќе помислите на овој филм. Уште една приказна од 1986 година, за сексот со тотален странец, за секси игрите и за тензијата меѓу двајца луѓе, која се движи од детска нежност до агресивни нагони. И повторно Мики Рурк. Овој пат со уште една секси заводничка од Холивуд, Ким Бесинџер.

9. "Шоу девојки"

Филмот како филм нема некои високи уметнички достигнувања, но затоа сцените со интензивен секс, секако, се запишаа во антологијата. Една од најпознатите сцени, секако, е лутиот секс помеѓу Елизабет Баркли и Кајл Меклаклајн. Филмот е од 1995 година.

10. "Основен инстинкт"

Намерно е оставен за крај најсекси филмот на сите времиња, од 1992 година, со Мајкл Даглас и со Шерон Стоун. Режисерот Пол Верховен ги спои тогаш најголемите два секс-симбола, Даглас и Стоун, и така дојде до филмот кој и денес, 25 години потоа, се гледа со широко отворени очи. Меѓу сцените што уште долго ќе се паметат, се оние кога Шерон Стоун ја скрстува ногата во кус бел фустан, сексот над огледало и сексот на кауч.


Текстот е прочитан 3262 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter