Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 14:24

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговара за криминалот со гас во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го обвини СДСМ и лидерот Зоран Заев за, како што беше речено, криминално-коруптивно однесување при продажбата и дистрибуцијата на гас во Струмица.

- Аболицираниот Зоран Заев Струмица ја претвори во семеен вилает на кланот Заеви, а граѓаните на Струмица во заложници на неговото криминално-коруптивно однесување. Заев смислил идеална шема преку неговиот пријател Митко Андреевски како да испумпа милиони од џебовите на граѓаните. Андреевски регистрирал фирма на име на неговата сопруга Билјана Станголева, во семејна куќа на улицата „Атанас Раздолов“ во скопската населба Драчево, која е во сопственост на нејзините родители Станголеви.?? Значи фирма без имот, регистрирана во куќа, со само еден вработен и главен дистрибутер на гас во Струмица и врти милиони секоја година, рече рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека Митко Андреевски е претседател на Комисијата за енергетика во СДСМ и преку фирмата Си-Ен-Џи набавува и им продава гас на струмичани за цена два и пол пати повисока од онаа што ја купува. Според него, ова е класичен пример за грабеж на граѓаните и институциите за ова треба да отворат случај.??

- Партиската фирма на СДСМ во периодот од 2011 година до денес од општинската каса има инкасирано над 2,5 милиони евра и тоа преку три тендери за набавка на гас кои се единствено направени за набавка на гас во општина Струмица, рече Костовски.

Тој истакна дека општина Струмица за 1 метар кубен плаќа 24 денари, додека ЕЛЕМ, кој набавува гас за греење за скопјани, плаќа 13 денари за 1 метар кубен и тоа е разлика од 11 денари за метар кубен. На овој начин, како што рече, фирмата на СДСМ Си-Ен-Џи инкасирала над 650.000 евра, пари на граѓаните.

За криминалот, како што рече, кој Зоран Заев го прави врз сопствениот народ мора да сноси одговорност.


Текстот е прочитан 426 пати.
#
ВМРО-ДПМНЕ: Новите случаи, партиска нарачка и дефокусирање од „Пуч“
АФЕТ за состојбите на Балканот: Се очекува смирување на тензиите во Македонија, но и во другите земји
СЈО отвори две нови истражни постапки „Тарифа“ и „Тенк“
„Стоп Операција Сорос“ ќе побара од САД ревизија за работата на УСАИД Македонија
Милошоски: Предметите што ги отвора Јанева со единствена цел - Заев да ја избегне кривичната одговорност
Македонија ќе работи на намалување на создавањето отпад
Димитриев: Логично е победник со победник да ја составуваат новата влада
Вајгл предлага ЕУ да преземе нови иницијативи за решавање на сопорот за името со Грција
Хјуман Рајтс Воч одбива да ги идентификува преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Светот го виде вистинското лице на Сорос (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter