Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.04.2017, 14:08

ЧОВЕКОТ БЕНД МЕТОДИ ПОПОВСКИ ВЕЌЕ 4 ГОДИНИ ГИ ЗАБАВУВА СКОПЈАНИ

На народот му треба караоке

Музичарот Методи Поповски, попознат како Мето ди Флеш, човекот бенд, веќе четврта година настапува самостојно со караоке забави во Скопје. Свири во "Мистер Џек", "Ле клуб 43", како и во други локали низ Македонија.

Колку време се занимаваш со музика и како дојде до тоа да функционираш самостојно?
- Мојата музичка кариера трае подолго време и еве, веќе ги бројам 27 години активно на сцената. Повеќе години работев како дел од дуото "Флеш", кое активно функционираше и остави свој печат во ноќниот живот насекаде каде што настапуваше. Оттука доаѓа сето искуство што го имам зад себе, илјадници забави и уште толку поминати километри. Со самото престанување со работа на дуото, се постави прашањето што понатаму, дали да правам ново дуо или бенд. Двете опции ми изгледаа како нешто веќе видено и решив да направам нешто што досега не го направил никој кај нас, а тоа е вистинско караоке во живо, односно да оди мојот перформанс за да ги потпомагам пејачите. Акцентот го ставам на "вистинското" караоке, затоа што кај нас имало или има обиди за некакво караоке, но тоа не е, всушност, онакво како што по правило треба да биде.
Според тебе, пеењето е психотерапија. Зошто мислиш така?
- Гледајќи како ми реагираат гостите на секој настап, кога ќе им засвири нивната омилена песна и го гледаат текстот како оди на големи видеомонитори, во истиот момент го земаат микрофонот. Тоа кај нив буди силна емоција. Доаѓаат да пеат без разлика дали ги бидува или не (нормално, јас сум тука за помош), да ги испразнат, ослободат своите чувства преку пеење и фино, релаксирано да си ја поминат вечерта. Во неврзан разговор, наш познат психијатар рече дека ќе ја анализира мојата работа, односно ќе истражува како влијае караокето на луѓето, бидејќи пеењето е навистина психотерапија.



Каде настапуваш?
- Мојата дома преку годината или онаму каде што редовно настапувам е во популарните "Ле клуб 43" во четвртоците и во "Мистер Џек" во саботите, а пак, налето свирам покрај Охридското Езеро. Настапувам буквално секаде, во секој град си имам матичен локал, нормално, приватните забави се тука. Дури и на свадби луѓето бараат да ја инсталирам караоке опремата за да пеат.
Какви песни најчесто бараат да пеат?
- На забавите доаѓаат луѓе од сите возрасти. На секоја маса стои основното музичко мени, од каде што потенцијалните пејачи можат да си одберат песна, а слободно можат да одберат и некоја што не е на списокот. Помладите обично се одлучуваат за македонски песни, балкански поп од сегашно време и за актуелните светски хитови, додека, пак, повозрасните за музиката од бивша Југославија и за старото добро ретро.
Сакаат ли луѓето да пеат? Му фалат ли на народот забави од ваков вид?
- Дефинитивно луѓето сакаат да пеат. И колку повеќе вистински караоке забави има како секаде низ светот, толку подобро. Видете само колку талент натпреварувања во пеење има по телевизиите. Видете колку многу пејачи се пријавуваат. Не случајно го работам тоа што го работам и не е случајно што добро се посетени моите забави. Желбата за пеење е голема. Луѓето, на некој начин, живеат за тие денови кога доаѓаат да се изнапеат. Дали ги бидува или не, тоа не е проблем, тоа е караоке, затоа јас сум тука да пееме заедно и сите задоволни и распеани да си одиме дома.
А. Поповска


Текстот е прочитан 399 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter