Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.04.2017, 10:11

ПОСЛАНИЕ ОД Г.Г. СТЕФАН: Македонскиот народ со Божја помош може сe да истрпи

Македонскиот народ знаел дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо. Знаел и цврсто верувал дека само со Божја помош сe може да истрпи и со Божјиот благослов сe да поднесе за доброто на сите, се вели во дел од пасхалното послание на г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква

Нашата вера е вера во воскресението и нашата Црква е Црква на воскресението! Македонскиот народ знаел дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо. Знаел и цврсто верувал дека само со Божја помош сe може да истрпи и со Божјиот благослов сe да поднесе за доброто на сите, се вели во дел од пасхалното послание на г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, испратено по повод велигденските празнувања.

„По милоста божја, архиепископ охридски и македонски, заедно со светиот архиерејски синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на македонската православна црква, а по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од бога, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав - Христос воскресе!“, се вели во пораката од поглаварот.

Во своето обраќање тој упатува порака дека македонскиот народ, со Божја помош, издржал многу страдања низ вековите и дека и понатаму ќе може многу да издржи.

„Ние, денешните чеда на Македонската православна црква, не треба да заборавиме дека богољубието и братољубието се двете основни правила по кои треба да постапуваме. Многупати се потврдило дека само кога со едномислие чекориме во вистината Божја и кога сме сплотени – имаме напредок; дека чесноста, вистината и правдата се добродетелите со кои најдобро можеме да се бориме против сите непријатели. Всушност, нашата воскресенска вера нe учи да живееме богоугодно и братољубиво, зашто само така ќе можеме да опстоиме и како народ, и како држава, и како Црква“, истакнува поглаварот.

Тој нагласува дека денешното време изобилува со поделби и недоразбирања.

„Нашево време, за жал, на сите страни од светот изобилува со меѓучовечки и меѓуетнички недоразбирања и судири. Поделбите на економски, политички, па и верски план, го преплавија светот, па во тој потоп од омраза и злоба - војните, тероризмот и сл., постанаа секојдневие. Непријателството меѓу луѓето го достигнува својот врв, и сведоци сме на најстрашни страдања на невини луѓе, па и на цели народи. Доброто, љубовта и вистината се потиснати од злото, користољубието и омразата. Сe почести се самоубиствата, абортусите, убиствата и секаков вид насилство и криминал“, стои во пораката.

Се вели дека верата е излез од страдањата.

„Исто така, нарушувањето на бракот и семејството доведоа до последици и по моралната и по демографската состојба, особено меѓу европските народи. А сите тие неволи се раѓаат, пред сe, како резултат на човечкото неверие и самољубие, на отуѓувањето од Бога и од спасоносното евангелско слово. Крајно време е луѓето да се свртат и да се вратат кон Бога, кон вистината, љубовта и правдата. Зашто само воскреснатиот Христос е спасоносниот лек против сите страдања, и единствениот Пат, Вистина и Живот“, стои во посланието.

Г.г. Стефан потсетува и дека годинава се слават 50 години од автокефалноста на МПЦ.

„Педесеттата годишнина од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија, ова лето Господово ќе ја одбележиме молитвено, со свечености во сите наши епархии и институции, ќе канонизираме богоугодници од нашиот род, потсетувајќи се на оние кои се вградија во воскресенското дело, со ветување дека, со Божја помош, по молитвите на св. Климент Охридски, ќе продолжиме по патот до конечното прифаќање на нашата Македонска меѓу помесните православни Цркви“, стои во посланието.

Архиепископот Охридски и македонски, го завршува своето обраќање со зборовите „Христос воскресе“.

„Испраќајќи архипастирски благослов до сите чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ве поздравуваме со радоста за победата на животот над смртта и Му се молиме на воскреснатиот Господ - Началникот на животот, да нe удостои да воскликнеме: Воскресението Твое, Христе Спасителе, ангелите го воспеваат на небесата, а нас, на земјата, удостој нe со чисто срце да Те славиме. Христос Воскресе!“.


Текстот е прочитан 664 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter