Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.03.2017, 13:52

КАРТИТЕ ЗА ИГРАЊЕ КРИЈАТ ИСТОРИСКИ ЛИКОВИ

Хектор е џандар баклава, крал детелина е Александар Македонски

САД - Речиси не постои човек кој во животот барем не одиграл партија табланет, реми, пасијанс...

Но, малкумина од нив знаат дека зад ликовите на дел од картите се кријат познати историски личности или дека претставуваат четири средновековни слоеви на општеството.
Историчарите шпекулираат дека картите со четири знаци, детелина, лист, баклава и срце, претставуваат четири средновековни слоеви на општеството. Детелината ги симболизира селаните (детелината е храна за свињи), листовите ја симболизираат аристократијата, баклавата богаташите, а срцето старешините на црквата. Во средновековието почнало и масовното користење на картите. Тогаш почнале и да им ги даваат имињата на картите со ликови, односно крал, дама и џандар, но идентитетот на личностите кои ги претставувале го менувале во зависност од произведувачот и неговите желби.



Крал срце

Кралот срце е Карло Велики - Крал на Франките, крунисан во 800-тата година, прв цар на француското царство и прв цар во западна Европа по пропаѓањето на Западното римско царство. Друга теорија вели дека Кралот срце е Шарл Седми, Победникот - Француски крал од династијата Валоа кој владеел на средината на 15-ти век. Според трета теорија, Крал срце е Шарл Седми Лудиот.

Крал лист

Историчарите велат дека зад оваа карта се крие ликот на Давид - Библиски крал на Израел и Јудеја. Според преданијата, бил наследник на првиот крал на Израел и оној кој ги обединил 12-те племиња на Израел.

Крал баклава и Крал детелина

Крал баклава е Гај Јулие Цезар, римски војсководец, политичар и писател, а зад Кралот детелина се крие ликот на најголемиот светски војсководец Александар Велики - Македонски крал и познат освојувач кој создал царство кое се простирало од Грција до Индија.

Кралица Срце и Кралица лист

Идентитетот на кралицата на картите е уште потешко да се утврди, затоа што тие не биле толку познати. За Кралицата срце се крие кралицата Јудит - Библиска личност, убава вдовица која го искористила својот шарм и итрина да му ја отсече главата на асирскиот војсководец Холоферн. Според друга теорија Кралицата срце всушност е Изабел од Баварија.

Кралица лист и Кралица баклава

Атина - Грчка божица на мудроста, е ликот на картата Кралица лист, а зад ликот на Кралицата баклава се крие Јованка Орлеанка - Француска хероина од Стогодишната војна, изгорена на клада. Втората теорија за Кралицата баклава вели дека тоа всушност е Рахила - Библиски пророк и прва жена на пророкот Јаков.

Кралица детелина

Постојат три теротии за тоа која историска кралица се крие зад Кралицата детелина. Според првото толкување тоа е митолошката принцеза од Арга.
Според второто толкување тоа е Агнес Сорел - Прва официјално призната љубовница на некој француски крал, и третата теорија вели дека зад оваа карта се крие Јунона - Кралица на боговите во римската митологија, еквивалентна на Хера.

Џандар срце и Џандар лист

Имињата на џандарите, односно витезите, останале константни и никогаш не се промениле. Џандар срце е Ла Ир - Соборец на Јованка Орлеанка, витез и херој на Франција. Џандарот лист е Холгар Дански - Лик од данската епска поезија, витез на Карло Велики кој според легендата бил киднапиран од страна на вештицата Морган ла Феј, сестра на кралот Артур.

Џандар баклава и Џандар детелина

Хектор - Тројански јунак, син на тројанскиот крал Пријам и соперник на Ахил е Џандар баклава, а Џандар детелина е Јуда Макавејски - Херој на еврејскиот бунт против владеењето на Селеукида во првиот век пред новата ера. Друга теорија за Џандар детелина е дека тоа е ликот на Ланселот - Витезот од легендата за Артур.


Текстот е прочитан 760 пати.
#
34.000 долари за пудинг
На Рубик му требал цел месец за да ја намести Рубиковата коцка
Индиец не може да си најде работа оти се вика Садам Хусеин
Брегзит, Френзит, Грекзит... А Трекзит?
Конфучие во комунистички целофан
Капсула со една соба е иднината на хотелите?
На 70 години истрча 7 маратони, на 7 континенти, за 7 дена
Келиен и го зема приматот на Иванка
Нетанијаху: Не е точно дека сопругата ме избрка од службената кола
Турција протера 40 холандски крави

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter