Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.03.2017, 09:56

ВМРО-ДПМНЕ: Ја повторуваме понудата до Заев да се откаже од платформата

СДСМ мора јавно и јасно да се откаже од Тиранската платформа и елементите во неа кои ќе ја редефинираат Република Македонија, која од мултиетничка би ја претвориле во бинационална држава, повика ВМРО-ДПМНЕ.

„Оправдан е стравот кај граѓаните после конфузните и контрадикторни ставови кои ги изнесе Зоран Заев, во кое не ја отфрли Тиранската Платформа, туку напротив најави дебатирање по нејзините точки. Ова само го потврдува сомнежот дека Зоран Заев со цел да добие власт ги погазил националните и државни интереси и ја прифатил реализацијата на Тиранската платформа под превезот на дебатирање, консултирање на партиски експерти и слично. Револтот кај народот од ваквата неискрена политика и реторика на Заев и СДСМ станува се поголем. Граѓаните гледаат дека затскриено се подготвува редефинирање на државата.

Ние ја повторуваме нашата понуда.

Доколку СДСМ и Зоран Заев јавно се откажат од Тиранската Платформа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа и ќе поддржи Влада која што би ја формирал Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е прочитан 810 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter