Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 10:12

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е лоша историја

„Криминалната групација СДСМ, на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев, не престанува да ги потценува и понижува македонските граѓани правејќи секојдневни обиди за продолжување на сопствениот политички опстанок преку втурнување на државата во нова криза“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ испратено по Извршниот одбор на СДСМ.

„Криминалната групација СДСМ е единствена партија во Европа, која за Претседател има аболициран криминалец, за финансиски криминал тежок 8 милиони евра.
Граѓаните на Македонија, на изборите од 11-ти декември, јасно ја изразија својата волја и им кажаа едно големо НЕ, на политиките на уништување на македонската економија и држава, на коруптивните политичари и профитери од криминалната групација СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните за да формира Влада и да ја преточи нивната волја во реални мерки и проекти, за нивен подобар живот.
Политичарите од криминалната групација СДСМ, наместо да ја научат лекцијата, наместо да ги залажуваат своите членовите со разни приказни, треба да ја прифатат реалноста дека за криминал се одговара. Не помагаат средби со никаков Столе од Италијанска амбасада. Македонскиот народ гласаше дека аболицираниот криминалец не смее веќе да бега од правдата, која мора да биде еднаква за сите. Тука веќе не помагаат неговите нарачани соопштенија по завршените партиски состаноци. Заев е историја. Лоша, црна историја.
Наместо патетичните соопштенија со кои Заев се уште мисли дека ги лаже членовите на својата партија дека не бил поразен на изборите, тие очекуваат одговор кога ќе го исполни ветувањето и ќе си ја даде оставката што ја вети“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ испратено по Извршниот одбор на СДСМ.


Текстот е прочитан 584 пати.
#
Вељаноски: Катица Јанева донесе уште една срамна одлука за да го спаси Заев
Правиме модерна европска општина
Укината ревакцината ди-те-пер
Величковски: НАТО потврди дека македонското присуство влијае на подобрување на состојбата во Авганистан
На Државната кардиохирурхија лани 388 операции
Да се испита работата на фондацијата на Сорос во Македонија
Министерството за финансии ја намали каматната стапка за државните хартии од вредност
На продажба околу 11.000 станови, цените стабилни
МЗШВ: За водостопанството до 2020 година 140 милиони евра
Миноски: Над 35 отсто од македонскиот извоз се произведува во ТИРЗ

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter