Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.03.2017, 14:50

Србов: Прислушувањето и тиранската платформа се за федерација на Македонија

Зад прислушувањето и зад „Тиранската платформа“ стојат исти луѓе, а крајната цел е уривање на унитарноста на Македонија и создавање бинационална држава која де факто претставува федерација, оценија денеска од граѓанското движење „Стоп операција Сорос“.

Според Никола Србов, историчар и член на „Стоп операција Сорос“, Македонија е под силен напад во највиталните сфери и се доведува во прашање безбедноста, вештачки се креира јавно мислење, се гонат неистомисленици, се замолкнуваат медиуми, се обезличуваат Македонците и се урива унитарноста.

- Постојат сериозни индиции дека позади незаконското прислушување во Република Македонија стојат Еди Рама, Матео Ренци и Зоран Заев како најобичен извршител, за овие тројца заеднички именител е Џорџ Сорос. Планот за незаконското прислушување бил креиран во Рим, а времето кога е направен коинцидира со престојот на Зоран Верушевски во Рим каде во македонската амбасада беше одговорен за „соработката со безбедносните служби на земјата во која е на работа и координација со нив околу современите закани по безбедноста“, рече Србов.

Според италијанскиот закон, додаде, во Италија прислушување за потребите на државата вршат неколку приватни компании кои имаат склучено соработка со италијанските власти. Од целиот континент, само во Италија опрема за следење на комуникациите можат да купат и правни субјекти со специјална дозвола од италијанската Влада. Индициите водат кон тоа дека Џорџ Сорос ја финансирал целата операција, од набавка на опремата до креирање на снимките, наведе Србов и додаде дека таквата конекција ја потврдил и поранешниот претседател на Врховниот суд на Албанија, Крешник Спахиу со изјавата дека Еди Рама погрешно изиграл со претседателот на СДСМ Зоран Заев кој бил директно финансиран од Сорос и оти е познато дека Сорос го финансирал прислушувањето во Македонија.

Врската помеѓу Сорос и прислушувањето во Македонија, наведе Србов, ја зацврстува и сопругата на второосомничениот во аферата „Пуч“, Споменка Лазаревска, која, како што вели, со години земала астрономски висока месечна плата од „Фондацијата отворено општество“.

Србив нагласи дека истите луѓе кои стоеле зад прислушувањето, сега стојат и зад „тиранската платформа“. - Позади оваа платформа стојат Еди Рама, Зоран Заев и Џорџ Сорос, додека албанските партии се само машата преку кои се спроведува планот на Сорос во Македонија. Крајната цел е уривање на унитарноста на Република Македонија и создавање бинационална држава која де факто претставува федерација, рече Србов.

Тој истакна дека Специјалното јавно обвинителство има задача да ги дисциплинира сите оние кои не се согласуваат со редефинирањето на државата и оти е контролирано директно од Сорос. - Специјалното јавно обвинителство одбива да каже на кои физички и правни лица им исплаќа средства за консултантски услуги. Оттука се отвора прашањето, дали СЈО својот буџет од четири милиони евра народни пари го дели на активисти и организации кои се под капата на „Фондацијата отворено општество“, рече Србов.

Со цел македонските граѓани да ја прифатат „тиранската платформа“, додаде, цела мрежа невладини организации, финансирани од „Фондацијата отворено општество“ и кои вршат злоупотреба на пари на УСАИД наменети за развој на државата, водат кампања преку која во јавноста ја релативизираат темата за редефинирањето на Македонија. - Овие невладини организации имаат земено огромни суми парични средства за да спроведат кампања за промена на ставот кај Македонците кој се однесува на унитарноста, името на државата, јазикот, идентитетот и симболите на државата, рече Србов.


Текстот е прочитан 1044 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter