Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.04.2017, 06:29

Христос Воскресна, навистина Воскресна (Фотогалерија)

Илјадници православни верници ги наполнија храмовите низ Македонија, каде се одржаа вообичаените литургии по повод пречекот на најголемиот празник во христијанството, Воскресението Христово, Велигден.

Со поздравот „Христос воскресна, навистина воскресна“ и со кршењето црвени јајца, верниците си го честитаа денот на Христовото воскресение, кое ја даде смислата на христијанството и на верата.

„Да се радуваме, да го поминеме празникот со нашите најблиски, да ја празнуваме љубовта, да се водиме од вистинските вредности“, се само дел од пораките што по повод овој празник беа испраќани од храмовите низ земјава.

Во Скопје главната литургија се одржа во Соборниот храм, „Св.Климент Охридски“, а ја водеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

„Возљубени, нашево време, за жал, изобилува со недоразбирања, судири и страдање. Доброто, љубовта и вистината се потиснати од злото, користољубието и омразата. Крајно време е луѓето да се свртат и да се вратат кон Бога, Кој е единствениот пат, вистина и живот. Нашиот народ знае дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо. Знае дека богољубието и братољубието се двете основни правила по кои треба да постапуваме“, рече меѓу другото поглаварот г.г. Стефан во неговото велигденско обраќање до верниците.

Литургии се одржаа низ црквите во цела држава. Масовно беа посетени црквите и во нашите туристички центри, каде по повод продолжениот велигденски викенд допатуваа голем број домашни и странски туристи. Најмасовно беше во Охрид, каде главната литургија се одржа на Плаошник.


Текстот е прочитан 1125 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter