Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.03.2017, 14:27

КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ЗА ДОАЈЕНКАТА НА ИЗВОРНАТА МУЗИКА

Песната на Вања Лазарова е македонски идентитет

Вања Лазарова замина во легендите, докажувајќи со своите песни дека македонскиот музички јазик, а пред сè, македонската фолклорна традиција се вистински амблем на македонската култура и национален идентитет.

Нејзините песни и глас остануваат да живеат. Ова беше истакнато на комеморативната седница во чест и спомен на доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова, која се одржа вчера во студиото М1 на Македонското радио.
Савка Тодоровска, претседател на Националниот совет за родова рамноправност при Сојузот на организациите на жени на Македонија, во емотивното обраќање, низ солзи, рече оти Лазарова со нив како здруженија била од осамостојувањето, активно учествувала во сите хуманитарни акции, била дел од нивните семејства.
Виолета Томовска, долгогодишен естраден уметник, во обраќањето рече дека Вања Лазарова зад себе остави еден нов звук.
"Прекрасно е кога ја запознаваш душата на некој човек, по тоа ја почитуваш и неговата интерпретација. Горда бев што ме покани на нејзините јубилејни концерти. Таа секогаш во мојата душа ќе остане една прекрасна боја на изворната песна, што верувам дека многу потешко некој од младите ќе може да ја повтори. Би сакала идните генерации што повеќе да ја слушаат оваа изворна песна и барем по нешто да внесат во некоја песна, да остават исто толку голем траг како што оставила Вања и многу наши други доајени", додаде Томовска.
Вања Лазарова доби голем број награди и признанија, меѓу кои и "11 Октомври" што, истовремено, значеше и статус на национален уметник од највисок ранг.


Текстот е прочитан 710 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter