Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.03.2017, 13:18

Две различни пријави во СВР Битола за инцидент во кој учествувал полицаец

Во СВР Битола вчера се добиени две пријави за ист случај од двајцата учесници во инцидентот кои имале различни верзии за настанот. Еден од нив е 42-годишниот битолчанец В.Б.- полицаец вработен во СВР Битола, а другиот е 47-годишен негов сограѓанин Д.С..

Првата пријава е од В.Б кој вчера во 13.30 часот во СВР Битола пријавил дека еден час претходно, во 12.30 часот, додека бил на пауза во работното време, со неговата сопруга М.Б. се движеле со возило „цитроен“ по ул. „Пеце Матичевски“ и биле пресретнати од патничко возило „дачиа дастер“ во кое бил Д.С..

Според В.Б., Д.С. застанал со возилото на пешачки премин пред возилото на В.Б., излегол, се упатил кон него и со висок тон го пцуел и му упатувал закани по животот. Полицаецот В.Б. излегол од возилото, се легитимирал и усно му наредил на Д.С. да престане со навредите. Д.С. го фатил В.Б. за вратот и почнал да го дави, а потоа го турнал во возилото и повторно му упатил закани по животот. Притоа се обидел и да му го одземе службениот пиштол но не успеал.

Во меѓувреме, како што соопшти МВР, сопругата на В.Б. се јавила кај друг полицаец, кој заедно со уште еден полициски службеник дошле на местото на настанот. Не успеале да му наредат на Д.С. да прекине со нападот, па се обиделе да го лишат од слобода, но тој давал отпор. Кога пристигнале уште неколку полицајци, Д.С. бил лишен од слобода и одведен во СВР Битола, а по извршениот разговор бил пуштен на слобода.

- Против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста", наведува МВР во дневниот билтен.

По неколку часа, во 17 часот, Д.С. дошол во СВР Битола и пријавил дека истиот ден околу 12.15 часот се движел со своето возило „дачиа“, а кога стигнал на пешачкиот премин пред хотел во Битола застанал за да пропушти пешаци.

Во тој момент, според неговата пријава, поминувал возач на „цитроен“ и почнал да свири по него и да му упатува пцости, по што излегол од возилото, ја отворил вратата на „дачиата“, го извлекол Д.С. од возилото, извадил пиштол, го репетирал и му го вперил во главата со закана дека ќе го убие. Според пријавителот Д.С., тоа бил В.Б., полициски службеник од СВР Битола, кој не се легитимирал.

СВР Битола презема мерки за целосно да го расчисти случајот.


Текстот е прочитан 1445 пати.
#
Нека ми го вратат детето тие што ги штитат кучињата скитници
Куче искаса четиригодишно дете
Газда и вработен со ножици расчистувале долгови
Полицијата трага по напаѓачот на возачот на турскиот амбасадор во Македонија
Претепани тројца скопјани
Инцидент во Куманово по протестниот марш
"ДИВО НАСЕЉЕ": Обвинет не го признава Обвинителството
Кривични пријави за четири лица што фрлија Молотови коктели врз Музејот на Албанската азбука во Битола
На 20-годишник од гостиварско Ѓурѓевиште под кревет полицијата му пронашла три пиштоли
Царината откри измами и заплени девизи, фалсификати ...

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter