Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.12.2016, 13:52

ВО АНГЛИЈА ТРАДИЦИОНАЛНО СЕ ИГРАШЕ КОЛО ДЕН ПО БОЖИЌ

Челзи на две победи до рекордот на Арсенал

Ден по Божиќ е ден за фудбал во Англија.

Антонио Конте му донесе нов клупски рекорд на Челзи откако на дуелот од 18. коло со Борнмут ја забележа 12. победа во низа во Премиер лигата.
Иако без суспендираните Диего Коста и Канте во тимот, "сините" го совладаа Борнмут со 3:0 и само нагласија дека остануваат главни кандидати за титулата оваа сезона. Челзи го доживеа последниот пораз во септември, кога загуби од Арсенал и, во меѓувреме, прими само два гола, од кои едниот беше автогол.
- Во оваа лига не е лесно да се остварат 12 победи во серија и овој рекорд ни овозможува фантастична позиција на табелата. Но, треба да продолжиме вака. Овој рекорд воопшто нема да биде важен доколку на крајот не направиме нешто важно во првенството - изјави тренерот Конте.



Сепак, Челзи сè уште не е апсолутен рекордер во лигата. За тоа му требаат уште две победи, со што би го израмнил постигнувањето на Арсенал од сезоната 2001-2002. Во европски рамки, тоа е Бенфика со 29 победи во низа (1971-1973).
"Сите ние сме Џејми Варди", порачаа навивачите на Лестер давајќи му поддршка на својот напаѓач, кој, според клубот, неоправдано бил исклучен на претходната средба со Стоук. И покрај жалбата, Варди доби три меча суспензија и за почеток го пропушти дуелот со Евертон, па во знак на протест, 30.000 навивачи, вклучувајќи го и самиот играч, ставија маски со неговиот лик оставајќи уникатна слика на трибините.
РЕЗУЛТАТИ: Вотфорд-Кристал палас 1:1, Арсенал-Вест Бромвич 1:0, Барнли-Мидлзбро 1:0, Челзи-Борнмут 3:0, Лестер-Евертон 0:2, Манчестер јунајтед-Сандерленд 3:1, Свонси-Вест Хем 1:4, Хул-Манчестер сити 0:3.
Табела: Челзи 46, Сити 39, Ливерпул 37 (-1), Арсенал 37, Тотенхем 33 (-1), Јунајтед 33...


Текстот е прочитан 743 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter