Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 12:23

ВО ВЕЛЕС ПРОМОЦИЈА НА 6 КНИГИ СО БРАЈОВО ПИСМО И НА ТРИ АУДИОКНИГИ

"Буре барут", "Сердарот", "Странецот" достапни за слепите лица

Девет книги наменети за слепите лица и за лицата со оштетен вид, беа промовирани во локалната библиотека "Гоце Делчев" во Велес.

Шест книги со Брајово писмо и три аудиокниги. Со ова се збогатува малиот фонд книги наменети за слепите лица и за лицата со оштетен вид во Македонија.
"Овие Брајови книги се од национално значење, ги користат слепите лица. Среќен сум што во нашата библиотека книгите никогаш не се на број или постојано некоја е кај наш читател. Со ваков тип проекти го осветлуваме неколкудеценискиот мрак за слепите ", рече Тони Пајдаков, секретар на Здружението на слепите од Велес.
Отпечатени се "Буре барут" од Дејан Дуковски, "Итар Пејо" од Стале Попов, "Маслинови гранчиња" од Глигор Поповски, "Орхан" од Неџати Зекирија, "Шеќерна прикаска" од Славко Јаневски и "Сердарот" од Григор Прличев. Издадени се и аудиокнигите "Странецот" од Албер Ками, "Гоце Делчев" од Ванчо Николески и "Судбината на човекот" од Михаил Шолохов. Дел од нив, бидејќи се лектирни изданија, ќе му бидат подарени на училиштето за деца и младинци со оштетен вид "Димитар Влахов" во Скопје. Промовиран беше и 64. број на звучното списание "Зрак".



Печатењето на Брајовите книги е финансирано од Општина Велес, додека аудиокнигите се со поддршка на Министерството за култура. Здружението на слепи лица од Велес досега, заклучно со овие нови шест наслови, има издадено 27 книги на Брајово писмо. Дел од книгите заврши на полиците во велешката библиотека "Гоце Делчев".
"Драго ми е што полиците со книги со Брајово писмо се полнат, но и има читатели што ги користат. Годинава издадовме и три нови звучни книги, на што сме многу горди. Не запираме тука, продолжуваме со снимање нови изданија, и планираме овој тренд кој постои во светот, да продолжи", изјави Игор Крајчев, директор на локалната библиотека.
(П.П.)


Текстот е прочитан 390 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter