Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.12.2016, 20:18

ПОДГОТОВКИ ЗА НОВА ГОДИНА

Каков карактер, таков подарок

За драга пријателка, на партнерот или на родителите пронајдете им оригинални подароци, подароци што ќе им одговараат на нивната личност и на потребите

Креативен: Оној којшто има трпение и фантазија подарете му интересна тегличка со капак во која ќе стави копчиња во разни бои, од која ќе може да изработи интересен накит.
Љубител на природата: Тој што сака активен одмор во природа, подарете му алат за во градина, рибарско столче или нешто слично на тоа.
Напнат: Ако вашиот татко е преоптоварен и е под стрес, подарете му 10 третмани шиатцу или класична масажа.
Заборавен: За оној што секогаш доцни и многу заборава можеби ќе се измени ако му подарите убав роковник. Не заборавајте во него да ги запишете сите поважни датуми, родендените на роднините и на пријателите за да не се случи повторно да ги заборави.
Забрзан: На пријателката која постојано се жали дека се плаши од нож и дека не стасува никогаш навреме да го направи ручекот, подарете $ практичен електричен нож за овошје и зеленчук.
Со вишок килограми: Ако не успева вашата пријателка да го изгуби вишокот на килограми, подарете и убав сад преполн со овошје и зеленчук заедно со книшка со диети за слабеење.



Сериозен: На дедото кој е сè уште со млад дух, роднината, професорката или на братот кој е помалку инертен подарите му билет за во театар.
На саканиот: На момчето кое штотуку сте го освоиле подарете му боксерки со интересни примероци. Завиткајте ги во проѕирна кутија.
Зиморлив: На оние на кои секогаш им е студено, дури и кога печката кога грее најсилно, подарете им топла волнена долна облека.
Вљубен: Ако тој сака ваша слика и секогаш да ја носи со себе, подарете му маица на која има испечатено ваша слика.
Читател: Оној којшто ги чита сите весници, одбере за подарок нешто обично (на пример, кутија со убав чај, тегличка со кавијар, пакување со различни зачини), но подарокот завиткајте го со тазе весник и украсете го со панделка.
Здрав: На оној што е опседнат со своето здравје, подарете му седум тегли мед со различен вкус, по еден за секој ден во неделата.
Педантерија: Тој што постојано ги светнува чевлите, ќе се одушеви ако му подарите дрвена кутија во која се наоѓа сè што му треба: четка, паста, сјај...
Тинејџерка: Ќе се одушеви ако $ подарите шарено боди, убави хулахопки во боја или елече... но, само ако подарокот го завиткате во најмала можна кутија.


Текстот е прочитан 2890 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter