Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.10.2016, 09:55

ИЗЛОГ

Музика

Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија не се живее од музика, ама се бие битка за живот или смрт на музиката

Во Македонија не се живее од музика, ама се бие битка за живот или смрт на музиката.
Здруженијата се караат и се забрануваат.
Министерството за култура реагира и демантира.
Странските пејачи бојкотираат.
Домашните пејачи чекаат разврска.
Авторите и композиторите молчат.
Фестивалите се откажуваат.
Слушателите се поделени на за и против.
Јавноста е збунета или гледа сеир.
Прави или оди на свадба ако сакаш да чуеш македонска, српска, хрватска, словенечка и црногорска поп или фолк-музика.
Нема веќе добра или лоша музика, или беше убава како музика.
Музиката, и официјално стана дел од заткулисните игри, политиката, инаетот, моќта и парите.
Никому не му е јасно кој е во право, кој е во криво, кој дозволува, кој наштетува, кој е во ќар, кој во зијан, кој ќе победи, а кој ќе изгуби.
Приказната почна наивно, се плашиме да не заврши крваво.
Сe беше музика, пееше порано една југословенска ѕвезда.
Сега не ни е до песна, особено шунд, ама сакаме квалитет, и авторите и изведувачите да го добијат заслуженото.
Музиката не прашува за години, како ни љубовта.
Нe советуваа да слушаме повеќе музика, била добра за срцето.
Сега некој може да добие срцев удар од музиката.
Внимавајте што слушате или читате, да не ви наштети.

l.sabit@vest.com.mk

 


Текстот е прочитан 1097 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter