Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 12:06

Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби

Режисерот Милчо Манчевски учествува на Глобалниот културен самит на највисоко ниво во Абу Даби. Меѓу учесниците се Медлин Олбрајт, поранешен секретар за надворешни работи на САД, Ричард Армстронг, директор на Гугенхајм фондацијата, Ирина Бокова, Генерален директор на УНЕСКО, Тан Дан, добитник на Оскар за музика, Дебора Рутер, претседател на Кенеди центарот, Дрен Вокер, претседател на Форд фондацијата, Идрис Кан, уметник, кореографот Лиз Лерман, како и претставници на универзитетот Беркли, на Карнеги хол и други.

На самитот, од 9 до 13 април, во текот на пет дена скоро 300 учесници од над 80 земји – меѓу кои врвни уметници и клучни играчи во владини активности, филантропија, областите на заштита на културно наследство, образование, медиуми, наука и технологија – на повеќе панели на мултидисциплинарен начин ќе разгледуваат низа предмети и теми кои се однесуваат на тоа како културни орудија можат да се користат за да се помогне во справувањето со значајните меѓународни предизвици и да се исползуваат можностите кои се претставуваат.


Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат од универзитетот ВГИК во Москва, Златен лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент Спирит, Давид ди Донатело, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО, Сребрен кондор, ЕМ-ТИ-ВИ и други. Неговите филмови се предаваат на бројни универзитети на сите пет континенти, а влезени се и во наставната програма на средните училишта во Италија и Турција. Користени се и во наставата во Јужна Кореја. За неговите филмови се одржани две академски конференции, во Фиренца и во Лајпциг.


Последниот краток експериментален филм на Манчевски, американско-кубанската копродукција КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО, на 5 април имаше светска премиера на Фестивалот на краткометражни филмови во Аспен, Колорадо. Фестивалот е квалификуван во номинациите за Оскар.


Текстот е прочитан 607 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter