Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 17:55

НА ПАТИШТАТА ВО ДРЖАВАВА

Лани загинале 13 мотоциклисти

Мотоциклистите, како учесници во сообраќајот, најмногу се изложени на опасности, и на ризикот за здобивање со смртоносни повреди во случај на сообраќајна несреќа е исклучително висок.

Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, лани, од 165 загинати лица во сообраќајни несреќи, 13 се мотоциклисти, а двајца се патници на мотоцикл
Како што посочуваат од РСБСП, учеството на мотоциклистите во вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди е несразмерно висок во однос на тоа во колкав дел од сообраќајот тие учествуваат.
За да се избегнат ваквите црни бројки, на почетокот од сезоната на употреба на овие превозни средства оттаму потсетуваат на законските прописи за задолжително користење на заштитна шлем (кацига), како за возачот така и за сопатникот. Непочитувањето на оваа одредба предвидува санкција од 50 евра во денарска противвредност, како и привремено одземање на возачката дозвола, и задолжително исклучување од сообраќај на возачот на мотоцикл кој управува со мотоцикл без заштитен шлем, и кога лицата што се превезуваат не носат или одбиваат да носат заштитен шлем за време на возењето на патот.
За да не дојде до вакви несакани ситуации, РСБСП апелира до мотоциклистите секогаш да носат заштитен шлем (кацига), да внимаваат на брзината, да ги користат трепкачите, да одржуваат растојание, да ги користат двете сопирачки, да избегнуваат мртви агли и да носат рефлектирачки елек и заштитна опрема.


Текстот е прочитан 594 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter