Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.04.2017, 12:14

Меѓународен ден на Ромите: Со реално интегрирање се решаваат предизвиците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод одбележувањето на 8 Април Меѓународниот ден на Ромите.

Секојдневните искуства и истражувања, наведува Иванов, покажуваат дека токму образованието претставува основен предуслов за решавање на проблемите од современото живеење.



Низ ангажман на надлежните институции и потенцирање на неопходноста од едукација на лицата кои живеат во недоволно развиените подрачја ќе се подобрат условите за живот. Затоа повикувам да се погрижиме и на секому да му дадеме можност да биде дел од овој процес. Реалното интегрирање во општеството на припадниците на одредени етнички заедници придонесува за решавање на постоечките предизвици, се вели во честитката.
Иванов во честитката посочува дека и понатаму ќе се вклучува во сите предизвици за заедничко и посветено надминување на предрасудите.

И претседателот на Владата, Емил Димитриев упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница.

Годинешната прослава е единаесеттата прослава на националниот празник на Ромите во Република Македонија, што јасно говори за континуитетот и почитта која Република Македонија ја негува кон Вашата заедница. Тоа јасно се изразува преку одбележувањето на овој празник, но и преку редица на други мерки и владини проекти во многу области кои се од значење за подигнување на квалитетот на животот во ромските средини, се вели во честитката.
Годината која е зад нас, се наведува во честитката, претставува година во која продолжи владината посветеност во делот на образованието, културата, поддршката на ромските невладини организации и центри за медијација, поддршката за вработување и почнување сопствен бизнис, поддршка за подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје, за правата и можностите во делот на социјалната политика, правото, културата и уште многу други полиња од значење за Ромите.
Убеден сум дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина како неизоставен дел од грижата на Република Македонија и како продолжение на концептот на почитување на сите заедници во државата и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам убави празнични денови, многу радост и песна во Вашите домови, многу здравје и љубов во Вашите семејства и уште долги години да го прославуваме 8 Април Меѓународниот ден на Ромите!, стои во честитката.


Текстот е прочитан 586 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter