Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.02.2017, 22:22

СРЕДБА НА ЛИДЕРИТЕ НА СДСМ И НА ДУИ

Заев: Со Ахмети ги приближивме ставовите и надминавме одредени разлики

Претседателите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети вечерва во Мала Речица имаа средба во рамки на преговорите за обезбедување потписи за добивање мандат и формирање влада.

- Надминавме одредени разлики на лидерско ниво. Желбата и на ДУИ и на СДСМ е да добиеме уставни решенија во законот за употреба на јазиците. Тоа значи дека не треба да си дозволиме ништо надвор од Уставот за сето друго што уставно да падне во вода. На крајот дури ако останат одредени отворени прашања не завршува денот на преговорите сега. Можеме за шест месеци да оставиме тие да се истолкуваат, да отвориме јавна дебата која ќе дефинира дека нештото е уставно и може да се прифати, рече по средбата Заев.

Потенцира дека двете страни во преговорите се држат до Уставот.

- Апсолутно исправен пред потребата да ги добијам потписите, јас сум тој што ги чека потписите, со целиот ризик и да не ги добијам, Уставот на Република Македонија нема да се менува, рече Заев.

Додаде дека уште вечерва ќе ја свика работната група и ќе и ги пренесе сите детали од разговорот за да може, како што рече, да седнат и да изнаоѓаат решенија.

- Македонија имаше многу трпение сите овие денови. Се работи за денови во прашање. На крајот одлуката ќе биде или ќе има потписи или ќе нема. Но, поприлично сме со доближени ставови да се изнајде конечно решение за тоа што се отворени прашања за кои се преговара, истакна тој.

Во врска со другите прашања за кои се разговара, Заев истакна дека се што е поврзоно со нивната платформа, која, рече произлегува од „Планот за живот во Македонија“ и платформата на албанските партии се апсолвирани прашања и затворени на уставен начин и дилемите треба да бидат отстранети.

- Се за што треба двотретинско уставно мнозинство нема причина ниту некој бара да се реализира. Но, дебатите треба да ги отвориме не треба да бегаме од прашања кои некому му претставуваат одредена грижа тежина или слично. Дебати ќе отвориме, ќе го слушнеме одговорот на граѓаните на Македонија и согласно тоа ќе ги градиме политиките во периодот кој претстои пред нас, истакна Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање дали и за што друго освен за употребата на јазиците се разговара претседателот на СДСМ истакна дека со ДУИ имаат исти ставови во однос на ЕУ и НАТО, како и во однос на поддршката на СЈО.

Во врска со прашањето на економската еднаквост, тој истакна дека тоа е потреба на регионите во цела Македонија, не е само етничко прашање и оти на тоа така треба и да се гледа.

- Го најдовме начинот во рамномерната регионална распределба на капиталните инвестиции, на буџетските средства за да може секој граѓанин да ја чувствува Македонија за своја мајка. Затоа ќе има контролно тело кое пред носење на буџетот ќе ги земе предвид сите аспекти за рамномерна распредрелба на буџетот, не само помеѓу Скопје и Струга, Скопје и Кичево, туку и на Скопје и Струмица или Кавадарци, рече Заев.

Претходно денеска претставници на раководството на СДСМ имаа средба и со претставници на Алијансата на Албанците.


Текстот е прочитан 1402 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter