Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 14:03

ПРОМОВИРАНИ АЛБУМИТЕ "НЕЗАБОРАВ 5" И "НЕЗАБОРАВ 6" НА АНСАМБЛОТ "ТАНЕЦ"

Со љубов за македонскиот фолклор

Завчера, во Музејот на револуционерната борба, беа промовирани два албума - "Незаборав 5" и "Незаборав 6", во издание на Ансамблот "Танец".

На овие некомерцијални албуми има по 19 песни и ора од богатото македонско творештво. Досега, на цедеата "Незаборав" се дигатализирани вкупно 114 композиции, од кои 85 вокални изведби и 29 инструментални композиции, во изведба на солисти, дуети, триа, машка пејачка група, женска пејачка група, мешана пејачка група, народен оркестар, изворен оркестар и чалгиски оркестар. Како солисти-пејачи, најзастапени се: Трпе Череповски, Слободанка Петровиќ, Слободанка Миленковиќ, Дивна Лазарова и Дивна Гиева, а како дует и трио, заедно со нив се и: Душица Бојаџиева, Дончо Евтомовски, Дојчин Митевски и Станко Ливрински. Од инструменталистите, најзастапен е раководителот на оркестарот, Ѓорѓи Димчевски, кој, покрај виолината, свири и на тамбура, зурла и на повеќе инструменти, а покрај него се зурлаџијата Славе Тасевски и тапанџијата Решат Јусуфов.
На "Незаборав 5" може да се слушнат сплет македонски народни песни: "Ајде ред се редат, "Мајско оро", "Играле баби по месечина", "Бре невесто црно око", "Не оди, сине море", "Касапско оро", "Гена мајка ја чешлаше", "Дали го видовте Асана", "Девојче, девојче", "Машко лагодинско оро", "Ој девојче ран бел мој", "Бог да бие, Тано", "Невесто црвен трендафил", "Падарско оро", "Од гранка в гранка", "Оздола иде ќелавиот паша", "Помниш ли, либе Тодоро" и "Право Тиквешко оро".
На вториот албум "Незаборав 6", пак, се сместени: жетварски песни, "Ѓурѓа пере крај реката", "Право оро", "Што си, бре либе", "Китена Стојна", "Ја излези, стара мајко", "Месариско оро", "Море ој Вардаре", "Филипо моме", "Ибраим оџа", "Кандисал Ајредин паша", "Невесто око калешо", "Сватовско оро", "Не се кревај на големо", "Заблеало рудо јагне", "Заљубил Димо", "Гулаб гука", "Легнала Дана" и "Цангурица оро".



"Последниве шест години, освен на играчкиот дел, посветуваме големо внимание и на вокално-инструменталните концерти. Оркестарот е зголемен на 19-мина уметници и сега ги имаме големиот народен оркестар, големиот изворен оркестар и чалгискиот оркестар, во кој ни недостига само утот како инструмент. Но го очекуваме и него со ветената помош на пријателите од Турција на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој ќе ни го набави, бидејќи е наш редовен гостин и на вокално-инструменталните концерти и е подржувач на македонската традиција", рече директорот на "Танец", Зоран Џорлев, и додаде:
"Во 2011 година, беше промовирана машката пејачка група, која изведуваше акапела македонски традиционални композиции. Тогаш наидов на негативни критики од некои колеги од фелата, но тоа не ме обесхрабри да продолжам да ја презентирам машката пејачка група на нашите концерти, која се здоби со многу симпатии и позитивни вибрации кај публиката. Затоа и во оваа пригода сакам ексклузивно да ги најавам и снимањето во студио, кое наскоро ќе започне со машката пејачка група, и долгоочекуваното цеде".
Во план е и реализирање на новиот проект "Незаборав", кој ќе ги опфати сите песни што ги има Ансамблот "Танец" на лонг-плеј плочи.
"Се надевам дека овие изданија ќе ја збогатат фонотеката на многу љубители на македонската народна музика, а на младата генерација ќе $ послужат за пример како треба да звучи и да се интерпретира македонската народна музика", рече Џорлев. (В.М.)


Текстот е прочитан 811 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter