Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 22:51

ТАЈНИТЕ НА ДОБРОТО КАФЕ СО ДАРКО ЧУТУРИЌ, ПРОФЕСИОНАЛЕН БАРИСТ

Ако е квалитетно, еспресото не му штети на организмот

Само ако е квалитетно, еспресо кафето, од видот 100- процентна арабика, не му штети на организмот, дури и да испиете повеќе еспреса на ден.

Ова го тврди Дарко Чутуриќ од Зеница, Босна и Херцеговина, професионален барист и контролор на квалитетот на кафето, кој од 2002 година работи во Трст, во фабриката за кафе "Или".
Дарко е на гости во Скопје и ја обучува екипата на "Гнездо кичен бар" како да направи подобро и поквалитетно еспресо. За себе вели дека може да испие и до 15-20 шолји на ден, а да не чувствува срцебиење и висок притисок, но само ако кафето е чисто, квалитетно и е направено во чиста машина.
"Јас сум барист, пред сe, но мојата сегашна задача е обука и едукација на баристите од 20 држави од Европа и од Азија како да направат квалитетно кафе. Во Трст заминав во 1992 година, за време на војната во Босна и работев разни работи. Во фабриката "Или" ме примија во 2002 година. Првите осум години работев во лабораторијата, без никакво претходно искуство. Имав среќа зашто бев многу млад, имав 20 години, а таква е политиката на фирмата: да прима млади луѓе и да ги обучува. Сегашната моја работа е да ги обучувам баристите. Да ги научам како да направат квалитет од едно зрно кафе. Во нашата фирма, ние немаме реклама, немаме некој посебен маркетинг, нашата најголема реклама е квалитетот", ни раскажа Чутуриќ.
Според него, во Македонија се пие добро, квалитетно кафе, но секогаш може да биде и подобро. За да се направи добро кафе, има разни техники, но најважна е љубовта. Од љубов излегува вкусно кафе, раскажа Дарко.
"Кога ќе се вљубиш во својата работа, како што се вљубив јас во мојата, ништо не е тешко. Порано барист беше работа што ја работеше кој било. На пример, некој студент кому му требаа за џепарлак и немаше што да работи, па ќе си речеше: 'Ајде ќе бидам барист'. Сега нивото на оваа работа е многу повисоко. Кога почнав да работам во оваа фирма, имав такво искуство како барист, од кафе-барови и од клубови. Но потоа открив дека зад една шолја еспресо се крие цел еден свет", додаде Дарко.
Во 2009 година, тој тргнал на Универзитетот за кафе во Трст. Тоа е школа во рамките на "Или", која обучува млади баристи да станат контролори на квалитетот на кафето. Има 20 такви школи во целиот свет. Во регионот на поранешна Југославија постои обука за баристи, но не од тој тип. Дарко раскажа дека пред 15 години, се препознал себеси во младо момче од Хрватска - Александар, кој, исто како него, се вљубил во оваа работа и се едуцирал на Интернет.
"Јас сум дојден тука да видам дали луѓето, на пример, овде во 'Гнездо', пијат квалитетно кафе, а за да биде така, морам да проверам дали е чиста машината и на која температура се прави еспресото, што е најважно. Сакам да се уверам дека луѓето што пијат кафе од шолја на која го пишува името на нашата фирма, нема да зажалат".
За крај, тој ни откри дека и неговата мајка, која како и сите луѓе од Босна уживала во ритуалот на турското кафе, ја убедил да премине на еспресо.
"Кај нас, во Босна, или каде било во поранешна Југославија, кога ќе кажеш: 'Ајде на кафе', тоа значи два часа муабет со турско кафе, а во Италија значи: 'Ајде да се видиме на пет минути', зашто еспресото се пие во две-три голтки. Без оглед на мојата работа, јас ја почитувам и традицијата на турското кафе, која треба да се негува".

М. Џаровска
Фото: О. Теофиловски

Пијам по 20 еспреса на ден

Приватно, Дарко е љубител строго на еспресо кафето.
"Јас пијам чисто еспресо. Без шеќер, без млеко, без шлаг. Ако му додадете малку млеко, малку шлаг, кафето е исто како кога на некое најскапо италијанско вино ќе му ставите 'кока-кола'. Не можеш да направиш ни добро макијато ни капучино ако немаш добро еспресо. Тоа е основата на секое добро кафе. Јас имам испиено најмногу 15-20 шолји кафе еспресо на ден. И не чувствував никакви проблеми, како повисок притисок и тахикардија. Има два вида кафе, арабика и робуста. Арабиката е поскапа и повкусна и има помало количество кофеин. Но зборувам за чисто, 100 проценти арабика кафе. Тоа е исто како алкохолот, ако пиеш послаб алкохол, можеш да испиеш повеќе, а ако пиеш појак - помалку.
Еспресото е најздравиот начин на пиење кафе. Малку кој знае дека во него има најмало количество кофеин. Сите мислат дека еспресото е јако затоа што има јак вкус", раскажа Дарко.

Рецепт за добро еспресо

Количината на кофеинот зависи од температурата на водата и од тоа колку време е кафето во контакт со водата. За да се направи едно добро еспресо, потребни се 30 секунди, а водата да биде 90 степени.
Сите други кафиња, турското кафе, филтерот, се прават на повисока температура и им треба повеќе време. Еспресото се прави најкусо и на најмала температура. Но најголем е притисокот на водата. И тој притисок на водата го цеди маслото од зрното и затоа еспресото е и силно и вкусно. Тоа масло ни го дава богатството во вкусот.


Текстот е прочитан 14467 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter