Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 13:09

УНИКАТЕН МАТУРСКИ ИЗГЛЕД: ШТО СОВЕТУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ДИЗАЈНЕРИ?

НЕНАД СЕКИРАРСКИ

Об­ле­ка­та удобна, обувките издржливи

Се­ко­ја пролет матурантите се соочуваат со голема потрага по вистинското парче об­ле­ка за матурската вечер, а тоа понатаму подразбира и потрага по сите детали и за­ка­жу­ва­ње кај фризер и кај мејкап-артист.

Мојот личен совет би бил: во оваа пот-ра­га да се следи сопствениот стил на облекување и за вистинскиот изглед секогаш да се води од ин­ту­и­ци­ја­та, затоа што треба да се изгледа во согласност со годините и со при­го­да­та, значи младо, свежо, интересно и темпераментно. Ништо на вас не треба да из­гле­да како да имате 30 години, облеката мора да е пријатна за носење, а обувките да бидат издржливи и по 30 минути од излегувањето од дома. Формите што се актуелни се­зо­на­ва, во голема мера се инспирирани од геометријата, од симетријата, од аси­мет­ри­ја­та, од волуменот. Материјалот, секако, најмногу зависи од моделот, но боите тре­ба да бидат весели и свежи или неизбежната црна, но дополнета со детали во ин­тен­зив­ни бои, како што се виолетовата, неонсината и зелената, коралноцрвената и портокаловата. Сметам дека должината треба да $ прилега на фигурата, па, спо­ред тоа, ако ви се убави нозете, истакнете ги, дефинитивно ќе го одвлечат вниманието од делот на телото што најмногу ве нервира. Истото се однесува и на деколтето. Сме­там дека впечатливите обетки секогаш даваат моќен изглед, па смело комбинирајте ги и дополнете ги со впечатлив прстен. И, секако, доколку немате вистинска иде­ја, консултирајте се со стручни лица или преку Интернет побарајте ги фо­тог­ра­фи­и­те со поп и со филмските ѕвезди што се блиски до вашите години, затоа што за се­ри­о­зен изглед има уште толку многу време. (Л.С.)



Пробајте: убави патики на свечени панталони

Иа­ко многу често подзаборавени, но, секако, не помалку битни, се и момчињата, чи­ја облека се чини многу лесна и едноставна за избирање. Но не секому му прилега кос­тум, па затоа мојот совет е да се следи сопствениот стил и смело да се ек­спе­ри-мен­ти­ра со убави патики на свечени панталони, со лежерно облечена кошула во ин-те­рес­на боја, со мал детаљ, како врзана марама, тенка вратоврска или сосема без ниш­то. Боите најмногу зависат од тоа што ви прилега, но кошулите можат да бидат на­вис­ти­на посмели, како што се розовата, виолетовата, тиркизната.


Текстот е прочитан 1052 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter