Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.04.2017, 06:52

УШТЕ ТРИ ЛИЦА ВМЕШАНИ ВО ИСТОРИСКАТА КРАЖБА ВО НЛБ БАНКА

Парите изнесени преку граничниот премин Табановце?

Полицијата вчера откри нови детали и осомничи уште три лица за историската кражба во НЛБ Банка, за кои постојат докази дека му помагале на главниот трезорист за историскиот грабеж кој се случи минатата недела кога тој од банката украде над три милиони евра. Осомничените ќе бидат предадени на судија на претходна постапка, но не и парите, бидејќи нив ги нема, а никој од осомничените не кажува каде завршиле тие.

Како што соопшти МВР, покрај Б.С., осомничен е и неговиот брат Г.С. (43) кој како што неофицијално дознаваме, исто така, бил вработен во една од скопските банки, како и Е.П. (24), вработена како банкарски комерцијалист во НЛБ Банка и Б.М.(38), пријател на Б.С. , кои му овозможиле да се стекне со имотна корист од 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра.
Според досегашниот тек на истрагата, Б.С. на 4 овој месец околу 17:00 часот на шалтерот на кој работела Е.П. се информирал за курсот на еврата и швајцарските франци, со образложение дека некој негов пријател сакал да направи конверзија на евра во швајцарски франци, но наводно не знаел кога истиот би ја извршил конверзијата. После половина час, тој заедно со неговиот брат на Е.П. $ дале 95.000 евра заедно со негова лична карта, за преку неговата трансакциска сметка да изврши конверзија на наведените девизи во швајцарски франци.
Откако таа ја направила потребната нарачка со електронски налог до трезорот, Б.С. $ кажал дека парите (100.000 швајцарски франци - конвертирани 95.000 евра) тој лично ќе ги земе од трезорот без да ги пушти по воздушната цевка како што била процедурата. Од страна на Г.С. биле потпишани сите потребни документи за парите, а службеничката ги задржала 95.000 евра во благајна, по што, по завршување на смената, истата заради обезбедените банкарски исправи, уредно попишани дека извршила конверзија, немала кусок на благајната, ниту пак имала вишок на пари.
Од извршениот увид во снимките од видеонадзорот во банката, констатирано е дека додека Г.С. е на шалтерот на банката и се врши наводната конверзија, а кога на смена во трезорот е и неговиот брат пријавениот Б.С. од трезорот ниту се изнесуваат 100.000 швајцарски франци ниту пак Е.П. му исплаќа пари на Г.С. (наводните 100.000 швајцарски франци) како би се завршила конверзијата. Всушност, на овој начин е овозможено затворање на претходно настанатиот кусок од 100.000 швајцарски франци во трезорот направен од првопријавениот (првиот затаен износ од авионската пратка од вкупно 1.000.000 швајцарски франци).
Три дена подоцна кога пак осомничената и Б.С. како трезорист биле во иста смена преку системот на достава од трезорот примила 375.000 евра, за кои таа без да подготви каков било банкарски документ на рака му ги предала парите на Б.С., по што тој ја напуштил експозитурата на банката.
Најголемата кражба Б.С. ја направил на 10 април кога од девизниот трезор во банката во украсна кеса ставил 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра и околу 13 часот незабележан од никого ја напуштил банката.
Парите му ги предал на неговиот брат кој пак веднаш му ги предал на нивниот пријател Б.М., кој наредниот ден после 14:00 часот преку граничниот премин Табановце со автомобил "голф" заминал за Србија. Тој завчера при обид повторно да влезе во државава е уапсен на истиот граничен премин.
Засега полицијата сe уште нема сознанија како трезористот успеал од банката дополнително да изнесе уште 300.000 швајцарски франци, како ни тоа дали претходните милионски суми се изнесени преку Табановце во Србија.

(П.А.Л.)


Текстот е прочитан 943 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter