Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.02.2017, 15:03

Некои македонски политичари си ја продаваат душата само за да дојдат на власт

Македонското литературно друштво "Григор Прличев" од Сиднеј во отвореното писмо до претседателот на државата Ѓорге Иванов и до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, ја изразува загриженоста за иднината на Македонија.

Македонците се огорчени од несовесното однесување на македонските политички партии кои се обземени од политичкото слепило и личните интереси и си играат со македонските национални интереси со цел да се уништи македонскиот јазик и самата држава, се вели во писмото.
"Оние партии, а посебно албанските, кои се стремат кон некаква федерализација имаат само една цел, да ја уништат македонската државност и нација. Мора еднаш засекогаш да им се стави крај на попуштањата и договарањата кои се на наша штета. Некои македонски политичари си ја продаваат душата само за да дојдат на власт. Бараме да не го давате она што е макотрпно и со големи жртви создадено, бидејќи историјата во иднина нема вас да ве суди, туку ние сега ќе ве судиме. Застанете зад македонските интереси, престанете да давате отстапки за туѓи интереси и престанете да примате совети од странски тутори кои не ја почитуваат нашата државност со тоа што се мешаат во внатрешното уредување на државата. Ние не можеме повеќе да трпиме и молчиме кога ни се посега по нашиот идентитет. Дијаспората од вас бара зрелост и одлучност, а најмногу водечка улога во зачувување на нашата државност и нација", пишува претседателот на друштвото Душан Ристевски.


Текстот е прочитан 821 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter