Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 16:22

Заев: Обезбедени се потписите за мандат за нова влада

Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека веќе се обезбедени потписите за давање мандат за формирање нова влада. Според него, останува уште мал дел од преговорите со Демократската унија за интеграции околу формирање влада. Заев верува дека за десет до 15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од социјалдемократите.

"Сега веќе се обезбедени потписите за давањето на мандатот. Верувам дека останува мал дел од преговорите околу формирањето влада, заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на социјалдемократите, платформата на албанските политички партии, законот за употреба на јазиците се усогласени", изјави Заев, кој вчера во Сараево беше на доделување на наградата за најдобар градоначалник.
Тоа, според лидерот на СДСМ, биле суштествените работи.
"Останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата и верувам дека за некои десет до 15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од социјалдемократите", рече Заев.
Во средата вечер, додаде тој, раководството на ДУИ донело одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат.


Текстот е прочитан 1383 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter