Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.01.2017, 13:27

НОВА СЕНЗАЦИЈА НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈА

Зверев не се сеќава како успеал да го победи Мареј

Светскиот рекет број еден Енди Мареј издржа на Отвореното првенство на Австралија само две кола повеќе од Новак Ѓоковиќ, доживувајќи шокантна елиминација уште во осминафиналето.

Надежите на Мареј дека, конечно, ќе го освои првиот гренд слем турнир во сезоната ги згасна Германецот Миша Зверев, 50. играч на АТП-листата, кој славеше со 7:5, 5:7, 6:2, 6:4. Зверев е играч кој никогаш не освоил АТП-титула, ниту, пак, стигнал вака далеку на гренд слем турнир, имајќи предвид дека најмногу играше во третото коло на Вимблдон во далечната 2008 година. Како и Ѓоковиќ во дуелот со Истомин, и Мареј во претходните 11 години не изгубил од послабо рангиран тенисер.
- Тој ја заслужи победата, зашто одигра подобро во најважните моменти. Цело време заостанував во последните сетови. Имав тешки порази и во минатото, но секогаш се враќав - кажа Мареј.



И место очекуваниот четврт-финален мегадуел Федерер-Мареј, Зверев сега ќе оди по ново чудо против Швајцарецот.
- Беше лесно да се биде агресивен на мечот, но не и да се остане смирен. Како да бев во кома, не знам како го направив ова - призна Зверев, кој поради низа повреди пред две години испадна од најдобрите 1.000 на АТП-листата.
РЕЗУЛТАТИ, 4. КОЛО
МАЖИ: Зверев-Мареј (1) 7:5, 5:7, 6:2, 6:4, Вавринка (4)-Сепи 7:6, 7:6, 7:6, Федерер (17)-Нишикори (5) 6:7, 6:4, 6:1, 4:6, 6:3, Цонга (12)-Еванс 6:7, 6:2, 6:4, 6:4.
ЖЕНИ: Мугуруса (7)-Кирстеа 6:2, 6:3, Пављученкова (24)-Кузнецова (8) 6:3, 6:3, В. Вилијамс (13)-Бартел 6:


Текстот е прочитан 1205 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter