Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.02.2017, 13:04

ЕРОТСКИ ТРИЛЕР, КРИМИ ДРАМА И АНИМИРАНА АВАНТУРА ВО КИНАТА

Играат новиот филм на Дарден "Лего Бетмен" и "50 нијанси"

Второто продолжение на еротската романтична драма, со насловот "50 нијанси потемно", од денес игра во кината "Синеплекс" и "Милениум".

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон, овој пат и со поддршка на Ким Бесинџер, и домашната јавност ќе ги гледа во новата еротска драма, на еден ден пред американската премиера.
Три дена откако го напушта Кристијан, Ана почнува да работи како личен асистент на Џек Хајд, издавач од Сиетл. Но откако со Кристијан ќе отиде на една изложба во Портланд, нештата се враќаат на старо. Двајцата љубовници повторно прават договор, но овој пат под услови кои таа ќе ги наметне.
Додека двајцата се обидуваат да изградат доверба и стабилност, мрачни фигури од минатото на Кристијан почнуваат да кружат околу овој пар, решени да ги уништат плановите за нивната иднина.
Режисер е Џејмс Фоли.



Втората премиера е анимираната авантура "Лего Бетмен", со Реиф Фајнс, Џени Слејт, со Росарио Досон.
Во овој филм ќе го следиме Бетмен, кој мора да ја напушти улогата и да се приклучи кон тимот, бидејќи Џокер му се заканува на неговиот омилен град, во еден од најголемите заговори досега. Покрај тоа, во Готам се случуваат и други големи промени: Брус Вејн, заедно со криминалците од Готам Сити мора да се грижат за момчето што го посвоил.
Во "Милениум" премиерно ќе игра и новиот филм на браќата Дарден "Непозната девојка". "Доктор се обидува да го дознае идентитетот на починатиот пациент кој одбил лекување", е кусата најава за оваа крими драма, за која Дарден беа номинирани за Златна палма во Кан и за наградата Цезар.(Н.П.)


Текстот е прочитан 725 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter