Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 14:26

ПРЕМИЕРОТ МАРК РУТЕ ПОБЕДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ХОЛАНДИЈА

Холандија, ти си шампион

ХОЛАНДИЈА, 17 март - Веројатно нашата партија по трет пат ќе биде најголемата во Холандија, изјави холандскиот премиер Марк Руте пред своите поддржувачи, кои се собраа во Хаг со цел да ја прослават неговата победа.

- Ова е вечер, во која Холандија - по Брегзитот и по американските избори, кажа "стоп" на погрешниот популизам, истакна Руте.
При преброени околу 75 отсто од гласовите неговата Либералната партија (ВВД) се очекува да има 32 места во Холандскиот парламент, што брои 150 места.
- Сега треба да составиме стабилна Влада и да ја водиме земјата напред, нагласи Руте.
Лидерот на крајната десница Герт Вилдерс изрази жалење, бидејќи неговата партија не победила и наведе дека очекувал дека ќе добие околу 30 пратенички места во холандскиот парламент.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го поздрави "гласот против екстремистите", а шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмајер, и честиташе на Холандија за "сјајниот" избор, и на Твитер напиша: Холандија ти си шампион!.


Текстот е прочитан 506 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter