Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 18:07

ИСЛАНЃАНИТЕ УШТЕ ГИ ЧУВСТВУВААТ ЕФЕКТИТЕ ОД ГОЛЕМАТА ПОБЕДА НАД АНГЛИЈА

Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП

Девет месеци по сензационалниот настап на Европското првенство во Франција, исландската нација ги почувствува вистинските ефекти од победата над Англија во осминафиналето.

Изминатиов викенд, болницата во Рејкјавик примила рекорден број жени пред породување, точно девет месеци по историскиот резултат во Ница, што на Твитер го обелодени Асгеир Петур Порвалдсон, вработен на болничкиот оддел за анестезиологија.
- Овој викенд е поставен нов рекорд во бројот на примени бремени жени во родилиштата, точно девет месеци од нашата победа над Англија од 2:1. Случајно? - напиша Порвалдсон на Твитер.
Со слична информација излезе и исландскиот магазин "Висир", кој објави дека на 25 и на 26 март рекорден број жени побарале епидурална анестезија во болницата "Ландспитали".
Исланд беше едно од пријатните изненадувања на минатогодишното Европско првенство во Франција, кога на своето деби на големите натпреварувања не само што ја помина групната фаза туку и потоа ја елиминираше Англија во осминафиналето, пред да биде запрен од домаќинот Франција со 2:5.
Овој, за него, историски натпревар се одигра на 27 јуни, во Ница, по што уследи дотогаш невидена прослава, а некои на оригинален начин одлучиле да ја овековечат оваа голема победа.


Текстот е прочитан 872 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter