Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.04.2017, 17:08

МАН УПАТУВА ЈАВЕН ПРОТЕСТ: Активностите на СЈО се усмерени за уривање на медиуми

Катица Јанева и СЈО јавно се фалат дека наместо со законот своите акции ги координираат со странски дипломати кои освен во СЈО влегуваат и во судови и се обидуваат да даваат насоки за судење по предмети кои ги води СЈО.

Од тие причини за овој случај е известена и амбасадата на САД во Скопје и побаран е прием за да се образложи овој настан и добие поддршка за обезбедување законски услови на странките пред СЈО
Македонската асоцијација на новинари упатува јавен протест против активностите на СЈО усмерени кон уривање медиуми, гушење на слобода на говор и слобода на збор за новинари кои партијата СДСМ и претседателот на таа партија Зоран Заев ги прогласија за свои непријатели и јавно бараат асистенција од СЈО за незаконски акции против медиуми, новинари и сопственици на медиуми за партиски потреби на СДСМ, пренесува весникот Вечер.

Дописот го пренесуваме интегрално:

Веќе никој во јавноста нема дилема дека СЈО и СДСМ соработуваат и имаат исти цели и задачи откако СЈО ги ослободи од одговорност Зоран Заев и Зоран Верушевски а отвори процеси против сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан, главниот уредник на најголемиот македонски медиум Сител Драган Павловиќ Латас, како и главниот уредник на Вечер, и уредник во Сител Ивона Талевска.

Веќе никој нема дилеми дека СЈО не е дел од правосудниот систем во Македонија, туку е казнена експедиција на една партија и еден човек – на СДСМ и Зоран Заев откако самите се дефинираа и то го потврдија тоа сметајќи дека милионските криминали и корупција на Зоран Заев помагани од Верушевски не се криминал, а криминал е кога сопственик на фирма оснива медиум или кога новинари имаат критички однос кон СДСМ и Зоран Заев и заради тоа СЈО отвара постапки против нив и сосема незаконски на прес конференции објавува свои претпостапки во форма на пресуда и малограѓанско оговарање.



СЈО не постои кога се сомневања во медиумите под контрола на СДСМ и фондацијата Сорос во прашање, дури и кога се јавно изнесени јасни докази за перење пари, даночни затајувања и отворено фиансирање на партијата СДСМ преку невладините организации финансирани од странски дипломати и фондацијата Сорос во Македонија.
Бадијала и без ефект некои дипломати зборуваат за потреба од демократија и гарантирана слобода за медиумите и новинарите кога, во исто време, поддржуваат партиска контрола врз СЈО и селективен, тенденциозен прогон на медиуми и новинари од СДСМ и СЈО.

Главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас, изнесе и конкретни докази дека во простории на СЈО, во присуство на нивни вработен Славчо Бојковски функционер на СДСМ, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски неовластено, и незаконски вршел распит врз сведок на кој му нудел надомест со бизнис ако сведочи против главниот уредник на Сител, а доколку не соработува дека ќе биде обвинет.

Неколку дена подоцна истата закана му е повторена и од обвинителката на СЈО Елизабета Јосифовска и нејзиниот тим.

Катица Јанева и СЈО јавно се фалат дека наместо со законот своите акции ги координираат со странски дипломати кои освен во СЈО влегуваат и во судови и се обидуваат да даваат насоки за судење по предмети кои ги води СЈО. Од тие причини за овој случај е известена и амбасадата на САД во Скопје и побаран е прием за да се образложи овој настан и добие поддршка за обезбедување законски услови на странките пред СЈО, особено за медиуми и новинари кои СДСМ ги прогласи за свои непријатели и бара акции од СЈО против нив, но од амбасадата на САД, до денешен ден, нема одговор што упатува дека оттаму е одобрена акцијата на СЈО против медиуми и новинари кои Зоран Заев ги смета за свои непријатели.

Ја прашуваме амбасадата на САД како и СЈО, во која демократска држава функционер на партија врши распит на граѓанин во просторија на обвинителство и му се заканува?
Во која демократска држава обвинител на прес конференција изнесува свои претпоставки за криминал на сопственик на медиум, уредници и новинари јасно и намерно уривајќи го нивниот углед и професија без да има докази, и без да постои пресуда за тоа?

Заради ваквите случувања веќе 30 дена во Македонија се протестира против киднапирање на државата и правниот систем од страна на СДСМ, СЈО и некои дипломати. Заради тоа Македонската асоцијација на новинари ги поддржува протестите и повикува секој што е загрижен за слободата, правниот систем и демократијата да се приклучи на протестите.

Фото: telegraf.mk


Текстот е прочитан 652 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter