Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 13:09

ЈП "ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО" ЈА ЗАВРШИ ПРОВЕРКАТА НА ТРОПСКИТЕ ДРВЦА

Само десет отсто од палмите не се исушени

"Една по една, ги проверивме сите палми и, за жал, само за десет отсто, односно за 13 дрвца можеме да кажеме дека преживеале. Сега чекаме инструкции од Град Скопје за тоа како да постапиме со исушените дрвца", вели Душан Авировиќ, директор на ЈП "Паркови и зеленило"

Само десет отсто од палмите во Скопје ја преживеале зимата. По булеварите и во парковите низ градот засадени беа вкупно 138 палми. Најголем број од нив се исушени и од ЈП "Паркови зеленило" најавуваат дека ќе ги соберат од местата на кои се засадени.
"Една по една, ги проверивме сите палми и, за жал, само за десет отсто, односно за 13 дрвца можеме да кажеме дека преживеале. Сега чекаме инструкции од Град Скопје за тоа како да постапиме со исушените дрвца. Ние имаме предлог наесен да ги замениме со дрвја кои се соодветни за ова поднебје, но крајната одлука за тоа ја носи Град Скопје", вели Душан Авировиќ, директор на ЈП "Паркови и зеленило".
Тој објаснува дека за палмите погубно било тоа што 30 дена температурите во Скопје беа минус петнаесет степени, па не можеле да ги заштитат ниту јутата со која беа обвиткани стеблата ниту, пак, најлоните на лисјата. Директорот Авировиќ предупреди дека влакнестите палми не се соодветни за Скопје уште кога беа донесени.



"Уште кога ни ги донесоа, палмите беа полумртви. Моравме да набавуваме течно ѓубриво од калифорниски црви за да ги одржиме во живот. Несоодветно беше и времето во кое ни ги донесоа, ги добивме во август и беше вистинско чудо што првата зима само четири се исушија. Тие беа увезени од Кина каде што има голема влажност на воздухот, а скопската клима, и на дело се покажа дека не им одговара. Палмите произведени и одгледани кај нас, во Богданци, се преживеани", рече директорот Авировиќ.
Палмите во Скопје се дел од проектот на ЈП " Македонски шуми" за садење егзотични дрвца низ градовите во Македонија. Освен во Скопје ги има во Струга, Охрид, Велес, Дојран, Струмица и во Гевгелија. "Македонски шуми" за набавка на 1.100 садници од типот влакнести палми потроши околу половина милион евра. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 2601 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter