Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.03.2017, 23:07

Протестен марш „За заедничка Македонија“: Тиранската платформа удри по основите на македонската држава

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа протестен марш во Скопје. Учеснициците, кои се движеа од Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија ги повторија своите барања дека се за заедничка Македонија и се против платформи направени во други држави.

Пред Собранието на присутните им се обрати Богдан Илиевски од Иницијативата посочувајќи дека вчера дојде уште една поврда дека платфромата од Албанија е да ја редефинира Макеоднија.

- Тиранската платформа удира по фундаментот на оваа држава по суштината на РМ, Македонија како заедничка држава на сите и заедничка Македонија ќе победи на крај, рече Илиевски.

Тој посочи дека тука стои горд народ и порача да ги тргнат рацете од државата оние кои заговараат редефинирање.

- Ако и мислите добро на Македонија откажете се од платформата, потенцира тој.

Илиевски како нов поддржувач ја најави историчарката Ана Русинова која потсети на улогата на жената во создавање на македонската држава и потенцира дека само унитарниот карактер на државата го гарантира заедничкиот живот.

Елена Мисиркова од Иницијативата „За заедничка Македонија“ потенцира дека се тука со отворена намера да си ја зачуваат државата, да го зачуваат суверенитетот.

- Нема потреба да се оправдуваме зошто сме овде. Тоа е заветот на нашите предци. Ние имаме морален код на љубезност, на гостопримство, отворено срце на секој што доаѓа во нашата земја, но доволно е од мирољубово набљудување на тоа како некој сака да не распарчи, како да не разнебити и треба да се спротивставиме на тоа сите, рече Мисиркова.

Андријана Јаневска ја изрази поддршката на Иницијативата и рече дека човечкиот род се одржува само со правење добри дела и порача дека додека има време да се освестиме и сфатиме дека единствено добро за сите нас е сплотеноста.

Беше прочитана поддршка и од ракометарот Кирил Лазаров.

Илиевски на крајот на протестниот марш ги повика присутните и да се приклучат на протестниот марш утре.


Текстот е прочитан 1430 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter