Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 09:28

НАЈВПЕЧАТЛИВИТЕ МОМЕНТИ НА "ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА"

Се смеевме со Сашко и плачевме за Тоше

Тепачка за билети, размачкана шминка на дамите од смеење, актуелни шеги, ексклузивни музички гости од Македонија и од Балканот.

Од 1998 година, ова е сликата за "Златна бубамара на популарноста", која денеска, во "Метрополис арената", ќе прослави 20 години. До преклани, "Бубамара" беше емотивно поврзана со Универзална сала. Организаторот, идеен творец и сценарист на популарната манифестација, Ранко Петровиќ, никогаш не ги послуша советите на пријателите - да ја организира во поголема сала, повеќе луѓе да ја гледаат. "Да не се загуби од магијата", знаеше да каже Ранко. Од лани, "Метрополис арената" е домот на "Бубамара", но остана традиција билетите да одат како алва. Има многу моменти што ќе се паметат од изминативе 20 години, а ние одвоивме само дел од нив.

2016 - Ланската "Златна бубамара на популарноста" за прв пат се одржа во "Метрополис арената" во Скопје. Игор Џамбазов ја доби наградата за животно дело. Неколкумина пријатели, музичари и актери му подготвија специјална точка, а тој $ подари на публиката емотивна изведба на " Мојот начин " (Мѕ Њаѕ), легендарната песна од Френк Синатра, во своја верзија. Тамара Тодевска доби три награди и имаше впечатлив настап во чест на Дејвид Боуви.

2015 - Тамара Тодевска ја доби наградата за пејачка на годината од внукот Вук, а Дино Мерлин, доктор Неле Карајлиќ и дамите од групата "Македонија" ги добија наградите за животно дело. Наградата за најдобар спортист ја доби Стојанче Стоилов. Поради својот прекар Балеринче, со Сашко Коцев изигра специјална "балетска" точка.

2014 - Актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски ја добија наградата за најдобар млад актер и оттогаш станаа заштитни лица на шоуто. Хрватската ѕвезда Северина беше тројно наградена и за прв пат во својата кариера, во Скопје, пееше во придружба на гитарската легенда Влатко Стефановски.

2013 - Без точките и трансформациите на актерот Кирил Поп Христов-Кили не поминуваше ниту една "Златна бубамара". Кили, кој сега живее во Еквадор, се нема појавено на "Бубамара" токму од 2013 година. Таа година глумеше индиски бизнисмен.


2012 - Една од златните "Бубамари" што најмногу се раскажуваат и ќе се паметат. Како во приказната на Аладин и Џасмин, Сашко Коцев на романтичен начин ја побара за жена својата тогашна девојка Смиљана Бундовска пред публиката во Универзална сала. Зад нив, Каролина Гочева ја пееше насловната тема од Аладин
"Цел еден нов свет" (А Њхоле Нењ Њорлд), а потоа
"Секогаш ќе те сакам" (И Њилл Алњаѕс Лове Ѕоу) од Витни Хјустон. "Дубиоза колектив", САРС и Кики Лесендриќ од "Пилоти" без дел од музичките гости.

2011- Легендарниот босански пејач и автор Кемал Монтено ја доби наградата за животно дело и ја разнежи публиката со песната "Кој да ти каже Ивана" од "Макфест" 1997 година. Кемал, еден месец по "Бубамара", во март во 2011 година, го одржа својот последен концерт во Скопје. Шармантниот Кемо почина во 2015 година.



2010 - Година кога на иста сцена во Универзална застанаа Звонко Богдан, Масимо Савиќ, Бајага, Дарко Панчев и Вања Лазарова, наградена за животно дело. По долго време, во јавноста се појави српскиот пејач Оливер Мандиќ, кој со браќата Тавитјан испеа песна во чест на Тоше Проески.

2008 - Најтажната "Златна бубамара", која се одржа само четири месеци по смртта на Тоше Проески. Игор Џамбазов одржа емотивен говор посветен на Тоше, а Тамара Тодевска испеа дел од еден негов голем хит. Цела публика беше во солзи додека на видеобим гледаше дел од најубавите настапи на Тоше на "Бубамара". Таа година, тој постхумно доби 5 награди.
Оваа "Бубамара" ќе биде запаметена и по заедничкиот моќен настап на Калиопи и на Гаро Тавитјан со песната "Едно име имаме".

2007 - Ова беше последен настап на Тоше Проески на манифестацијата. Тоше доби пет награди и во придружба на бендот, изведе акустична комбинација од своите најомилени светски балади.
Дани Димитровска ја доби наградата за интернационален успех.

2006 - Прва "Златна бубамара" во која како водител се појави Сашко Коцев, и веднаш ги освои симпатиите на публиката. Ова шоу помина во знакот на хитот на Тијана Дапчевиќ -"Све је исто, само њега нема" посветен на Јосип Броз Тито. Целото сценарио беше во знакот на сеќавање на времето на Тито и на пионерите. Ќе остане запаметена изведбата на песната на италијанското работничко движење - "Црвено знаме" (Бандиера росса) од оригиналниот бенд во состав: Гоце Арнаудов, Сашо Мацановски-Трендо и Кирил Поп Христов.

2005 - До оваа година, водител на "Бубамара" беше актерот Тони Михајловски. Ќе се памети по појавувањето на Владо Јаневски, кој беше во медиумски молк, и по настапот на словенечкиот музичар Мањифико.

2004 - Година на дуети на "Златна бубамара". Тоше и Аки Рахимовски, Каролина и Владо Јаневски, Коки Јанков и Зоран Џорлев на виолини и Калиопи со Васил Зафирчев. Калиопи и Васил тогаш го промовираа дуетот "Пурпурни дождови", а јавноста дозна за нивната врска, која подоцна прерасна во брак.

2003 - Остана запаметен настапот на Весна Бејби кога стана од публиката да ја земе наградата за најдобра ТВ-водителка. Елена Ристеска беше откритие на годината, Влатко Илиевски - најперспективен пејач, а Тамара - најперспективна пејачка.

2002 - Емотивна "Бубамара", најмногу поради настапот на Есма Реџепова, која ја доби наградата за животно дело и цела публика ја крена на нозе со својот настап. Награда за животно дело доби и Зафир Хаџиманов.

2000 - Година на легенди. За животно дело награди добија: Ѓоко Георгиев, Мице Бошковски, Александар Џамбазов и Симон Беличанец.
За пејач на столетието беше прогласен Драган Мијалковски, а за хит на столетието -"Чија си" на Славе Димитров.

1998 - Првата "Златна Бубамара" се одржа во скопска дискотека. Во 1998 година, урбаните херои "К-15" ја добија првата награда за најдобра емисија, традиција што продолжи низа години. Подоцна, кога "К-15" престана да се емитува, штабот на "Златна бубамара" им ја даде наградата наречена "Ин мемориам".

М. Џаровска


Текстот е прочитан 3528 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter