Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.04.2017, 14:55

Арифи: За излез од кризата рационалност и влада на реформи и на ново мнозинство

Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи денеска изјави дека за излез од сегашната парламентарна криза секој треба да однесува рационално и, како што рече, да се формира влада на реформите и на новото мнозинство.

- Мај е веќе надминат како можност кога може да се организираат локални избори. Нормално дека е потребно во Собранието да се реши како ќе се продолжи понатаму но најпрвин токму Собранието треба да се формира и треба да се прекине тенденцијата за навлегување уште подлабоко во оваа криза, изјави Арифи, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето на обновениот Жена парк во Тетово.

Во однос на можноста за спојување на евентуални предвремени парлaментарни избори со локални Арифи истакна дека за ДУИ предвремени парламентарни избори не се решение за политичката криза, бидејќи, наведе, граѓаните на 11 декември решиле и има ново праламентарно мнозинство.

- Принципите на демократијата се тие-мнозинството да формира влада и да избере претседател на Собрание и државата да профункционира како што треба додека секој нормално во рамките на своите активности има право да ги врши своите политички активности. Да потсетам само на моментот од 2006-та година бидејќи гледам дека често се споменува како модел. Тогаш ДУИ 18 до 19 месеци протестираше поради тогашната политичка одлука но институциите беа формирани како и се друго а ние подоцна го искористивме нашето демократско право да го реализираме како што сметавме, изјави Арифи.


Текстот е прочитан 639 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter