Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 00:49

Груевски: Мисијата на СЈО е ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва демантираше дека Специјалното јавно обвинителство било пречка за договор за формирање влада со ДУИ.

- СЈО беше спомнато на самиот почеток на преговорите и беше кажано дека тие сакаат да биде продолжен мандатот на СЈО, а од наша страна рековме дека не сакаме и тоа беше аргументирано. Се затвори прашањето со тоа што констатиравме дека имаме различни гледишта. Јас лично сум убеден, но тоа ДУИ нема да го признае дека и нивното мислење е изнудено од некои други фактори, но нема да навлегувам во тоа, појасни Груевски.

Рече дека потпишаниот Пржински договор бил почитуван доследно и ревносно, вклучително и делот за СЈО. - Се договоривме дека 18 месеци се доволни за да се истражат сите работи и доколку во тие 18 месеци се оцени дека за некого треба да се отвори обвинение да се отвори, а потоа да имаат рок дополнителен во кој ќе може да се завршат дополнителни судски рочишта. Сите беа свесни за колкав материјал е тоа од креирани материјали и сите се согласија. 18-те месеци истекуваат на 30-ти јуни и ние правиме се што е во наша моќ тоа да се почитуваа, иако во меѓувреме стана толку јасно дека СЈО е еден обичен инструмент на СДСМ и на надворешни центри за уривање на ВМРО-ДПМНЕ заради остварување на некои други цели, рече Груевски.

СЈО, според него покажало дека е крајно селективно во пристапот и на таргет е само една политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и никој друг не е контролиран и истражуван. - За ДУИ нема никакви истраги, за СДСМ нема никакви истраги, а велеа дека најмногу биле прислушкувани. се е сконцентрирано на една политичка партија.

За тимот на СЈО рече дека е исклучително посветен на политичка агенда, а тоа е уривање на раководството и на партијата ВМРО-ДПМНЕ, по секоја цена и без елементарни докази.


Текстот е прочитан 1910 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter