Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.03.2017, 13:58

АРСЕНАЛ ПОВТОРНО НЕ ГО ПОМИНА ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Венгер бесен на судиите по елиминацијата со 2:10

Баерн и Реал Мадрид уште еднаш ги декласираа Арсенал и Наполи за да станат првите четвртфиналисти на Лигата на шампионите.

По 5:1 во Минхен, Баварците повторно немаа милост кон Арсенал, кој беше елиминиран со вкупно 2:10 откако и на "Емирати" загуби со идентични 1:5. Арсенал целосно се распадна по црвениот картон за Косиелни во 53. минута, кога Баерн израмни од пенал и потоа даде уште четири гола.
Иако неговата екипа прими дури десет гола на двомечот, Арсен Венгер им беше лут на судиите по седмата едноподруго елиминација на Арсенал во осминафиналето.
- Игравме како што сакавме, но црвениот картон нè отепа. Револтиран сум од судењето. Пеналот за Баерн беше скандалозен, а нам не ни беше досуден за чист фаул над Волкот. Можеме да му парираме на Баерн, го покажавме тоа во првото полувреме. Баерн е одлична екипа, но треба да им се заблагодари на судиите - изјави Венгер, кој одби да коментира дали ова му беше последниот меч со Арсенал во ЛШ.



Спротивно на Арсенал, Реал го избори седмото четврт-финале по ред.
Фановите на Наполи дојдоа на стадионот дури четири часа пред почетокот на средбата со Реал, но само да видат реприза на мечот од Мадрид откако нивната екипа повторно загуби со 1:3.
Кристијано Роналдо го продолжи својот пост во ЛШ на повеќе од 600 минути, но Серхио Рамос по кој знае кој пат го спаси европскиот првак откако постигна два гола во рок од седум минути, правејќи пресврт по почетното водство на Наполи.
- Не сум херој затоа што дадов два гола, тоа е најмалку важно. Важно е што сите заедно покажавме дека сме вистинска екипа кога е најтешко - кажа Рамос, кој често дава решавачки голови на големи натпревари.


Текстот е прочитан 826 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter