Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 14:13

МОНАКО ГО ИСФРЛИ МАНЧЕСТЕР СИТИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Пеп Гвардиола за првпат во својата кариера не успеа да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите откако Манчестер сити загуби на гостувањето кај Монако со 3:1.

Дваесет и двегодишниот Тијамуе Бакајоко ја запечати судбината на Сити во 77. минута, израмнувајќи го вкупниот резултат на 6:6, со што Монако помина меѓу најдобрите осум екипи благодарение на трите постигнати гола на "Етихад".
Гвардиола ја презеде одговорноста за елиминацијата, посочувајќи каде згрешиле.
- Првите 45 минути. Одигравме извонредно второ полувреме, кога покажавме желба да победиме, но во првото заборавивме дека сме тука. Не успеав да ги убедам моите играчи дека треба да напаѓаат од старт. Потоа веќе беше доцна. Јас дојдов во Сити за да ја освојам Лигата на шампионите и затоа ќе се обидам повторно и повторно - кажа Гвардиола.
Иако играше без повредениот Радамел Фалкао, францускиот тим го повтори подвигот од 2004 година, кога го исфрли Реал Мадрид по поразот од 4:2 на првата средба.
- Ова е еден од најдобрите моменти во мојата тренерска кариера. Ние сме најнапаѓачката екипа на светот и им реков на моите играчи дека се способни да дадат три гола. Тие веруваа во тоа и одиграа добро. Не им дозволивме да ја допрат топката во првото полувреме. Заслуживме да поминеме понатаму - изјави тренерот на Монако, Леонардо Жардим, чија екипа оваа сезона има дадено дури 126 гола.
Атлетико Мадрид одигра 0:0 во реваншот со Баер, но од Леверкузен донесе убедлива предност од 4:2.
- Имавме шанси, но не и среќа. Не беше во план да напаѓаме како луди. Се изборивме за она што го сакавме и среќни сме - кажа голгетерот на Атлетико, Антоан Гризман.
Ждрепката за четвртфиналните двојки ќе се одржи денеска, во Нион.


Текстот е прочитан 858 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter