Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.01.2017, 13:36

ФОЛК-ПЕЈАЧОТ ЈОРДАН МИТЕВ ПОЛН СО ИМПРЕСИИ ОД НОВОГОДИШНИТЕ НАСТАПИ

Во Италија ми се запалија четирите мотори и направив бум

Фолк-пејачот Јордан Митев започна да работи на својот најнов албум, за кој веќе на големо ги снима и новите песни. Тој неодамна се врати од Италија каде настапуваше две вечери, за новогодишната ноќ и следниот ден.

"Годината што започна ја поминав работно, а еве веќе и на големо работам на новите песни, што планирам да ги ставам на новиот албум и кои знам дека ќе $ се допаднат на мојата публика. Што се однесува до тоа како поминав во Италија, навистина не можам да опишам - поминав одлично. Народ, исполнетост до последното место, а тоа е доволно кај мене да се запалат четирите мотори и да го извадам максимумот од мене за да пренесам силна музичка енергија која ќе создаде луѓето да уживаат и да се забавуваат", вели Митев. Патувањето во Италија го искористил и за да го посети Монако каде бил со близок круг на пријатели.
"Ова патување беше добар крај на старата година, но и одличен почеток на новата. Па, ако се вели дека по утрото денот се познава, тогаш оваа година мислам дека ќе биде добра, а некако тоа мислење го делат и многу луѓе кои ги сретнав во овој период - дека оваа година ќе биде подобра од претходната. Па, да видиме", вели фолк-пејачот. (А.Г.)


Текстот е прочитан 1331 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter