Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.01.2017, 15:05

НА БАРАЊЕ НА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ДУИ И ОД ДПА ВО СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ

ЈСП пак ќе вози на 9 и 19

На линиите 9 и 19 повторно ќе возат и автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП). Советот на Скопје, по жесток напад на градоначалникот и на директорот на ЈСП, вчера одлучи да се направи измена на одлуката за линиски превоз, според со која овие две линии им се доделени исклучиво на приватните превозници.

Барање за измена на одлуката до Советот на Скопје доставија советничката група на ДУИ и членот на Советот Идриз Орана.
"Започнувајќи од 01.01.2017 година, некои линии за превоз на патници им се целосно отстапени на приватните превозници, како што е со линијата 9 и 19, кои превезуваат патници на подрачјето на Општина Чаир, граѓаните не користат превоз од ЈСП. Ова е скандал, за кој вината ја сносат градоначалникот на Скопје и директорот на ЈСП. Да ги потсетам дека оваа дискриминаторна и ниска политика на споменатите две лица ја покажува логичната матрица на крајниот безобразен начин на омаловажување и понижување на сите што не се Македонци.



Ги потсетувам дека Скопје е мултиетнички град, и јас лично, како член на Советот и граѓанин на Општина Чаир, изразувам најголем протест за овој бесчувствителен однос на одговорните лица што имаат цел да го дискриминираат албанскиот народ", смета советникот Идриз Орана од ДПА.
Директорот на ЈСП Игор Јанушев на советниците им објасни дека претпријатието само ги реализира одлуките кои ги носи Советот на Скопје. "Ќе го почитуваме тоа што ќе биде изгласано", рече директорот Јанушев, нагласувајќи дека истиот Совет ја изгласал одлуката со која на линиите 9 и 19 возат само приватниците.
Измената на одлуката советниците очекуваат да се случи на следната седница, до кога Секторот за сообраќај треба да изработи нов распоред за јавниот превоз на овие линии. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1905 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter