Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.03.2017, 19:11

Заев: Иванов изврши државен удар

Ѓорѓе Иванов со одлуката да не го додели мандатот за состав на нова влада, за што е обврзан според Уставот на Република Македонија, изврши државен удар, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по одлуката на претседателот да не му го даде мандатот нему.

„Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици врз граѓаните и врз државата. Тој прави уставно-државна криза со тоа што ја негира мнозинската волја на граѓаните и поднесените 67 потписи на избрани пратеници во Собранието на Република Македонија и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Со ваквото однесување Иванов уште еднаш се стави во улога на заштитник и соучесник на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и јас како претседател нема да дозволиме никој да си игра со иднината на државата за лични, политички и криминални цели. Концептот на едно општество што го поддржаа мнозинството граѓани е единствен гарант на унитарноста на Република Македонија. Затоа, ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации, без разлика на националната, верската, политичката припадност. Да останеме смирени, на линија на демократските процеси, кои водат кон формирање нова, реформска влада во нашата Македонија, којашто ќе се фокусира на реалните потреби на граѓаните на државата и на владеењето на правото, рече лидерот на СДСМ.

„Сето ова што сега се случува сме го виделе и претходно од Никола Груевски и неговите соработници, како Ѓорѓе Иванов. Груевски тоне, но нема да дозволиме да ја потоне и нашата Македонија. Ѓорѓе Иванов мора да ја повлече оваа одлука и веднаш да го додели мандатот за формирање на новата влада, бидејќи Уставот го обврзува на тоа. Не смее да ја негира мнозинската волја на граѓаните, која е преточена преку 67 мандати на пратеници, и да ги кочи уставните, законските и демократските процеси во Република Македонија“, рече Заев.

На новинарското прашање што ако Иванов не ја повлече оваа одлука, Заев рече: „Треба да продолжиме да се однесуваме трезвено и мудро и така ќе докажеме колку ја сакаме Македонија. Внимателно и пополека, чекор по чекор. Сите законски можности ги разгледуваме за да се спречи вакво незаконско однесување. Ќе се консултираме со правни експерти. Со лидерот на ДУИ Али Ахмети немаме донесено одлуки за наредните чекори.“

На прашањето, пак, што содржи договорот со ДУИ, рече: „Се работи за усогласени начела и принципи што се во функција на зачувување на Уставот и во рамките на Уставот. Главно се договорени принципи и начела, а документите произлегуваат по добивањето на мандатот, а не пред добивањето на мандатот. По добивањето на мандатот се поминува на деталите, за кои јавноста секако дека ќе биде информирана.“


Текстот е прочитан 2848 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter