Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 18:21

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ посочува патоказ за излез од политичката криза

Неопходно за излез од кризата низ Дијалог единствено од избрани претставници на избори во рамки на Собранието на Република Македонија, да се изнајдат заеднички именители за овие позиции и тези по овие клучни прашања. Врз основа на таквите постигнати решенија и заеднички политички именители може да се насочиме кон одржливост на решенијата и помирување околу тоа што не обединува сите во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Антонио Милошоски.

Водејќи се од принципот за Единствена Република Македонија, а со цел да извлечеме поуки и да понудиме решение за излез од сегашната политичка криза, но и од можни идни политички кризи и случувања како партија го посочуваме следниот патоказ:

Создавање на над партиски договор за секое идно принципиелно решавање на внатрешни разлики, во рамки само на институциите на државата, без странски агенди или претставници, и единствено од страна на легитимно избрани претставници на македонските граѓани.

Внатрешно обединување против вмешување во внатрешните работи на Република Македонија, од страна на странски политичари или држави кои што се косат со концептот на почитување на суверенитетот или се спротивни на принципот за  добрососедски односи.

Заеднички да отфрлиме планови и платформи или агенди кои се надвор од нашето уставно уредување или се спротивни на македонските стратегиски- државни интереси.

Или со други зборови заеднички да создаваме планови и платформи и агенди кои што се во интерес на уставното уредување на Република Македонија и стратешките интереси на државата.

Осуда на секој директен или индиректен ревизионизам на Охридскиот Рамковен договор, кој е целосно вграден во Уставот на Република Македонија и нашето уредување.

И од сите овие посочени принципи за изнаоѓање на одржливи решенија на тековната политичка криза и на можни идни, слични случувања и нивно навремено превенирање и одбегнување неопходно е најпрво транспарентно сите релевантни политички чинители да постигнат договор околу следните прашања и тези:

Да се усогласиме дали важноста на политичката праксата за Коалицирање на победник со победник е фактор на дополнителна стабилност во државата дали како таква треба опстои или се отфрла сега и во иднина. Доколку се отфрла тоа би било во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор ?
– Ова е неопходен предуслов со цел одбегнеме двојни стандарди во домашната политика и менување на политичките традиции, обичаи зависно од изборните резултати. На долг рок усогласувањето околу овој принцип и неговото важење или отфрлање ќе донесе поголема предвидливост на политичката сцена.

Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои што се претставени и верификувани од граѓаните на Република Македонија на избори се актуелни, релевантни и продуктивни агенди за државата ?
Дали при конституирање на Собранието, сегашното но и во секој иден состав позицијата Претседател на Собранието на Република Македонија логично би му следело на политичката коалиција или партија којашто победила на изборите или треба да биде предмет на надгласување ?
– Во истиот контекст, кои би биле гаранциите дека оваа позиција Претседателот на Собранието на Република Македонија не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на одредени закажани или превидени избори и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани кои што имаат најголем број на изгласани пратеници во Собранието ?

Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел македонското општество со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на овој моделот во двонационален, на сметка на повеќето не мнозински заедници ?
Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, институциите, економијата и европските реформи за евроинтеграции како обединителна сила за сите граѓани, или пак сите овие приоритети треба да се заменат со редефинирање на односите помеѓу заедниците и државното устројство на Република Македонија ?
ВМРО-ДПМНЕ има изградено позиции по овие прашања кои што се водат од заедничкиот интерес на државата и на сите нејзини граѓани без оглед на нивната етничка или политичка вероисповед.

Неопходно за излез од кризата низ Дијалог единствено од избрани претставници на избори во рамки на Собранието на Република Македонија, да се изнајдат заеднички именители за овие позиции и тези по овие клучни прашања. Врз основа на таквите постигнати решенија и заеднички политички именители може да се насочиме кон одржливост на решенијата и помирување околу тоа што не обединува сите во Република Македонија.


Текстот е прочитан 1227 пати.
#
Данев: СДС е главен поттикнивач на гоемоалбанските апетити во Македонија, ја осудуваме изјавата на Лата
СДСМ по пресот на Данев: Ширењето лажни вести е антидржавно
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter