Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2017, 14:26

ПОРАКИ ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ - 27. МАРТ

Изабел Ипер: Театарот значи пријателство

Денес се слави Светскиот ден на театарот, а на сцените пред почетокот на претставите низ светот се читаат меѓународната и националната порака. Денот на Театарот се слави од 1962 година, на иницијатива на Светскиот конгрес на Интернационалниот театарски институт (ИТИ). Македонскиот ИТИ центар од 1997 година го одбележува Денот на театарот и со македонска порака.

Легендарната француска актерка, добитничка на Цезар, Златен глобус и номинирана за Оскар, Изабел Ипер ја напиша светската порака.
"Додека ви се обраќам, јас не сум јас, не сум актерка, јас сум една од многуте луѓе благодарение на кои театарот постои. Тоа е и наша должност, но пред сè, наша потреба, како што се вели: 'Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме благодарејќи му нему. Театарот е силен. Тој се спротивставува и преживува сè: војни, цензури, сиромаштија'. За мене театарот е оној другиот, тој е дијалог, тој е отсуство на омраза. Пријателство меѓу народите - не знам што тоа точно значи, но верувам во заедницата, во пријателството меѓу публиката и актерите, во трајното единство меѓу народите кои театарот ги спојува - преведувачи, едукатори, костимографи, декоратери, професори, практичари и публика. Театарот нè штити, нè засолнува. Јас верувам дека театарот нè сака онолку колку што ние го сакаме", порачува Ипер.


Фото: Д.Перковски

Мицевски: Човекот е во криза, не театарот

Костимографот и уметнички директор на Битолскиот театар Благој Мицевски е автор на македонската порака.
Тој вели дека не се согласува со она што многумина го велат - дека театарот има моќ да го менува светот на подобро.
"Сведоци сме дека тоа не е така, но, сепак, театарот има моќ да го менува човекот, да создава подобри светови од оној во којшто секојдневно живееме, да создава слики што порано не сме ги виделе, јазик што сите го разбираме и на кој заедно се смееме или плачеме. Некои, пак, велат дека театарот е во криза. И со тоа не се согласувам. Во криза е човекот кој не сака безгрижноста на својот дом, удобноста на својата фотелја и виртуелниот свет да ги замени со реален, вистински контакт и возбуда. Во светот во кој еден фејсбук-статус ве прави да се чувствувате како херој или како голем уметник или како сестран експерт, знам дека е тешко да се биде реален", вели Мицевски.
"Театарот и јас - веќе немаме потреба од долги разговори, интуитивно се чувствуваме. Немаме потреба од виртуелни пријатели и обожаватели од кои повеќе од половина не те поздравуваат кога ќе те сретнат на улица. Имаме потреба од долги аплаузи. Сега мислам дека е време да ги исклучите вашите мобилни телефони и онака искрено да се погледнеме очи во очи", истакнува Мицевски.
(Б. Н.)


Текстот е прочитан 295 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter