Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.11.2016, 11:11

ТЕХНО МОДА

ВРВНА ОНЛАЈН ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА СО АПЛИКАЦИЈАТА KASPERSKY SAFE KIDS

За корисниците на Magenta 1 Cool Junior. Aпликацијата Kaspersky Safe Kids обезбедува врвна онлајн заштита на децата при користење на мобилни уреди или компјутери. Станува збор за производ на Kaspersky Lab, една од најпознатите компании во светот која нуди решенија за безбедност и заштита на корисниците на интернет од разни штетни софтверски и интернет опасности.

Kaspersky Safe Kids овозможува времето коешто децата го поминуваат на интернет да биде навистина корисно за нивниот развој и образование, без штетни интернет содржини или содржини несоодветни за нивната возраст, какви што можат да бидат одредени апликации, веб сајтови и слично. Родителите пак, добиваат можност да бидат во тек со интересите и активностите на своите деца на интернет и да бидат предупредени при појава на потенцијална опасност. Така, тие ќе можат навремено да ги предупредат своите деца во врска со евентуалните закани по нивната безбедност или приватност на интернет.
Родителите, покрај заштитата на своите деца од опасни и несоодветни содржини на интернет, можат да го одредат и контролираат времето и местото на користење на мобилниот уред од страна на детето, како и да ја знаат неговата локација во секое време.

Преку оваа апликација, родителите исто така имаат можност да ги следат објавите на Facebook во кои е споменато детето и да ги гледаат измените во листата на неговите пријатели, како и да добиваат статистички податоци и известувања за онлајн активностите на детето. На тој начин, тие ќе можат навремено да реагираат доколку некоја комуникација се претвори во несоодветна или опасна.

Aпликацијата Kaspersky Safe Kids е достапна за корисниците на Magenta 1 Cool Junior на Македонски Телеком.

Подетални информации за начинот на регистрација, активирање и користење на апликацијата можат да се добијат на www.telekom.mk во делот „Интернет безбедност“, како и во продавниците на Македонски Телеком.



 


Текстот е прочитан 1563 пати.
#
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат
„Гугл“ конечно го менува Адоуб Флеш Плеер во Хром

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter